Повеќе од 100 гости се собраа во атрактивен простор посветен на забава и адреналин во Белград, каде Huawei во динамична и семејна атмосфера ги претстави трите нови паметни часовници – Huawei Watch GT 7 Series, Huawei Watch D3 и првиот Huawei паметен часовник за деца – Huawei Watch Kids X1. Присутни беа медиумски претставници, инфлуенсери и нивните семејства кои имаа можност да се запознаат со новините преку спој на технологија, спорт и забава, со картинг и содржини осмислени и за најмладите гости.
Првиот Huawei паметен часовник за деца

Посебно внимание привлече Huawei паметниот часовник за деца – Watch Kids X1, првиот паметен часовник за деца кој Huawei го претстави на домашниот пазар. Наменет за најмладите, но осмислен и со потребите на родителите на ум, уредот нуди прецизно позиционирање, видео-повици и две камери, додека неговиот екран се подига и ротира за 360 степени. Така, детето за време на повикот може да покаже не само себеси туку и околината во која се наоѓа, овозможувајќи на родителите дополнителен начин да останат поврзани со него. Со можностите кои ја олеснуваат секојдневната комуникација меѓу родителите и децата, часовникот нуди и SOS функција, која овозможува детето во случај на потреба брзо да упати повик за помош.

Најмладите гости имаа можност да го запознаат новиот часовник преку посебно осмислен простор инспириран од неговиот дизајн, со игра, фотографирање и дружење. Дел од атмосферата креираше и водителот Давид Јован Милатовиќ, кој преку разговор со децата на спонтан и забавен начин ја приближи новата Huawei технологија на најмладите.

Активниот дух на настанот го следеше и Huawei Watch GT 7 Series, кој елегантниот, модерен дизајн го комбинира со напредни спортски функции. Посебен фокус носат можностите за зимски спортови, како следење на скијање и сноуборд, правејќи го сигурен придружник како во секојдневието, така и во нови спортски авантури. Неговиот препознатлив дизајн доби свое место и во амбиентот на настанот, преку посебно осмислен простор за фотографирање инспириран од новиот модел.
Претставувањето на новите уреди не остана само на нивните функции – адреналин на картинг патеката пружи можност за поинакво искуство со Huawei Watch D3. Носејќи го часовникот за време на возењето, гостите на лице место мерија крвен притисок и од прва рака се запознаа со една од неговите клучни можности. Со мерење пред и после физичка активност, D3 овозможува и следење на крвниот притисок во текот на денот и ноќта.

Спојот на генерации даде посебна енергија на целиот настан. Меѓу гостите беа Данијела и Стефан Бузуровиќ, како и Стевани Уна Пиале, кои со своите семејства уживаа во дружењето и содржините подготвени по повод претставувањето на новите Huawei часовници. Со смеа на најмладите, возбуда на картинг патеката, фотографирање и дружење, целиот настан помина во топла и опуштена семејна атмосфера која на едно место ги собра и забави сите генерации.


Токму таа разновидност го обележа целиот настан. Различни генерации, интереси и потреби ги поврза технологија осмислена да биде дел од секојдневниот живот. Со развој на се повеќе разновиден портфолио, компанијата Huawei продолжува да ги приближува иновациите до корисниците од различни генерации и животни стилови, поврзувајќи технологијата со она што ја сочинува нивната секојдневност – движење, грижа за себе, забава и време поминато со најблиските.

Фото: Јан Ѓуровка
Извор: Lepota i Zdravlje