Детската облека се пере многу почесто од облеката на возрасните. Боди, пижами, маички и панталони секојдневно се соочуваат со траги од храна, пијалоци и игра, па родителите често најмногу внимание посветуваат на отстранување на дамките. Сепак, многу поважно прашање е како да се пере облеката така што ќе ја задржи мекоста, обликот и пријатното чувство на кожата.

Детергент за деца и бебиња избираме според потребите на кожата и облеката
При изборот на детергент за детски и бебешки алишта, не е пресудно производот да биде што е можно посилен, туку да биде прилагоден на чувствителната кожа и нежен кон ткаенините. Затоа е важно да се користат производи наменети токму за перење на детска облека и да се придржуваме до препорачаното дозирање.
Frosch Baby течен детергент за перење е наменет за перење на облека за бебиња, деца и луѓе со чувствителна кожа. Хипоалергената формула не содржи бои ниту конзерванси, а состојки како екстракт од камилица помагаат во нежната нега на ткаенините. Истовремено ефикасно ги отстранува секојдневните детски дамки и е погоден за бела и шарена облека.



Дамките се решаваат пред машината, а не во неа
Кога станува збор за потешки дамки од млеко, кашички, овошје, сокови или трева, најдобрите резултати ги дава навремената реакција. Дамките е препорачливо да се третираат пред самото перење за да се олесни нивното отстранување и да се зачуваат влакната на ткаенината. Во тоа може да помогне Frosch Baby спреј за отстранување на дамки, формулиран токму за типични детски дамки.

А што е со омекнувачот?
Многу родители се прашуваат дали да користат омекнувач. Иако не е неопходен чекор, правилно избраниот омекнувач може да придонесе за мекоста и удобноста на облеката. Frosch Baby омекнувач е развиен за потребите на чувствителната кожа на бебињата и децата, со формула која не содржи вештачки бои ниту конзерванси и се заснова на состојки од растително потекло.



Извор: Lepota i Zdravlje