Со доаѓањето на постудените денови, лесните летни модели ги заменуваат оние од пријатни, потопли материјали, со долги ракави, интересни текстури и кроеви кои лесно се приспособуваат на различни прилики. Есенските фустани се едни од оние парчиња кои ни го олеснуваат секојдневното облекување, без разлика дали се подготвуваме за на работа, кафе со пријателите или вечерен излез. Од плетени фустани кои нудат удобност до елегантни миди модели кои ја истакнуваат силуетата, изборот е доволно разновиден за секој да најде нешто по свој вкус.
Особено внимание оваа година привлекуваат фустаните во темни нијанси на бордо, чоколадно-кафеава и маслинесто-зелена, но и класичните модели во неутрални тонови кои лесно се вклопуваат во постоечката гардероба.


Есенски фустани – како ги стилизираме за постудени денови
Плетени фустани за удобни секојдневни комбинации
Плетениот фустан е еден од најпрактичните избори за постудени денови. Меките материјали, ребрастите текстури и опуштените кроеви го прават идеален за секојдневни обврски, додека моделите со нагласен струк и должина до средината на листовите внесуваат доза на елеганција. За лежерен изглед можеме да го носиме со рамни чизми и пространа торба, додека комбинацијата со високи чизми и капут ќе ја истакне женствената силуета. Особено се ефектни моделите во кафеави, крем и бордо нијанси.





Кошула-фустани за деловни и лежерни прилики
Кошула-фустанот е парче кое лесно преминува од деловен во лежерен стил. Модели со појас во струкот, нагласени рамена или нешто поширок крој нудат доволно простор за различни модни комбинации. За на работа можеме да го комбинираме со мокасини и блејзер, додека со чизми со висока сара и кожна јакна ќе добие поопуштен карактер. Особено се интересни варијанти од потврд памук и тексас, како и оние во маслинести и темно кафеави тонови.

Извор: Lepota i Zdravlje