“`html
Сите ние сакаме да најдеме „совршенство“ бидејќи сите сме во потрага по љубов што ќе го промени нашиот свет.
Меѓутоа, ќе запознаете потенцијален партнер и ќе отидете на прв состанок кој може да се претвори во некој вид на љубов. Во меѓувреме ги држите опцииите отворени и одлучувате да започнете да се гледате со некој друг, а двајцата се одлични момци.
Во ваквите ситуации понекогаш нема голем проблем, бидејќи двете врски не се толку сериозни. Си велите на себе: „Во ред, кога ќе дојде време, ќе знам кој од нив е за мене“, но во меѓувреме без најава започнувате сериозна врска со еден од нив. Времето поминува, а вие сè уште не можете да одлучите за еден од нив.
Но, како да го изберете точниот? Што ако ја изгубите љубовта на вашиот живот? Кога двајца мажи се борат за вашата љубов, вашата самодоверба е на највисоко ниво – но можете да завршите како комплетен губитник. Вашата неодлучност е лош трик од универзумот, бидејќи целокупната ситуација не е фер ни за вас ни за двајцата партнери. Тие изгледаат како актери во вашиот живот.
Делувате како совршена девојка, но обвиени во превез на вина. Двајцата се посебни, но не можете да одлучите кој е за вас. Истовремено, сте среќни бидејќи и двајцата ве прават да се чувствувате добро и ви пружаат внимание. Се чувствувате посакувано и сакано.
Навистина е напорно да имате двајца партнери одеднаш. Тешко е да се одржи рамнотежа помеѓу двајцата партнери и да се најде доволно време да се посветите на нив, но и на себе. Кога станува збор за паралелни врски, лагите се неопходен дел од играта. Прво лажете еден партнер, потоа другиот за нешто друго и така до бескрајност. Многу е тешко да го најдете патот ако сте заплеткани во своите лаги.
Ако во најкраток можен рок не се одлучите за еден партнер, најверојатно ќе ги уништите двете врски и никогаш нема да можете да ги поправите. Ќе останете без љубов, осамени и тажни.
Овие комплицирани ситуации се многу збунувачки и за жал, некој ќе биде повреден. Направете сè за да го изберете вистинскиот. Размислете како се чувствувате кога сте со еден од потенцијалните партнери.
Со кого повеќе ви е забавно да го поминувате времето? Со кого ви е позабавно? Кој е повнимателен кон вас? Кој повеќе сексуално ве привлекува? Поради кого колена ви треперат и ви „летаат“ пеперуги во стомакот? Ослушнете го вашето срце и подарете го на вистинскиот маж.
“`