Home Мода и убавина 9 модни трикови кои секоја висока жена треба да ги знае

9 модни трикови кои секоја висока жена треба да ги знае

“`html

Високите жени главно имаат модни „проблеми“.

Не сакаат да носат високи потпетици за да не изгледаат премногу високи во однос на нивните ниски пријателки, имаат голем број на стапала и им се потребни долги фармерки поради долгите нозе. Иако денес е се почеста појава девојките да бидат високи, тие и понатаму се чувствуваат чудно. А зошто? Да се биде висок е супер ствар! Можеш да досегнеш нешто од највисоките полици, на концерт гледаш на сцената од секоја висина.. Токму поради некои мали, но важни нешта, треба да се цени таа висина. Колку само ниските девојки би сакале да бидат повисоки, нели?

Денес ве претставуваме 9 модни совети, како да ја истакнете вашата висина, но и убавината.

1. НЕ ОТКАЖУВАЈТЕ СЕ ОД ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ

Главно високите жени „се плашат“ од високи потпетици. Нема потреба! Зошто да се откажете од нешто што внесува посебна нота во вашиот стајлинг и ви дава шик изглед? Поради високите потпетици, изгледате и витки и самоуверенија, а ако имате вишок килограми, штиклите би можеле да ви одземаат неколку.

2. КОРИСТЕТЕ ГОЛЕМИ МОДНИ ДОДАТОЦИ

Прво што се во тренд, а второ што многу убаво стојат на високи девојки. Лесно можете да ги искомбинирате со панталони, фармерки и фустани. Широк ремен, ќе ви го нагласи струкот, а голема нараквица ќе го комплетира изгледот, било да сте тргнале на плажа или вечерно до градот. Единствено на што треба да обрнете внимание е да немате премногу аксесоари.

3. СЛОБОДНО ПОКАЖЕТЕ СИ ГО ТЕЛОТО!

Секако дека не треба да се открива премногу, но малку грб, нозе или стомак нема да бидат поодмет. Ако носите панталони, искомбинирајте ги со маица без грб. Ако носите целосно затворена маица, не воздржувајте се да облечете мини сукња.

4. ОТКРИЈТЕ ГО ВРАТОТ

Високите жени по некое „правило“ имаат долг и убав врат и зошто да не го покажете? Истакнете го со помош на убава огрлица, големи обетки или интересна фризура. Подлабок деколте? Погодија сте. Не криејте нешто што е предност на вашата фигура.

5. КОМБИНИРАЈТЕ ТЕСНО СО ШИРОКО

Стилисти препорачуваат на високите жени да стават акцент на облека која се разликува по крој. Широки панталони изгледаат предобро со тесни маици, блузи и сакоа, а тесни со широки.

6. ЈАРКИ БОИ

Јарките бои покажуваат ваш позитивен став и расположение, а покрај тоа привлекуваат внимание. Секако дека не треба да се облечете во стилот „сите бои ми стојат убаво“, туку убаво да ги искомбинирате боите. На пример, со мала црна фустанче, одлично би стоеле црвени салонки или со кафена јакна, тиркизна огрлица. На вас е да одлучите, само без претераување.

7. НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ НА ПАНТАЛОНИТЕ

Панталоните добро стојат на високите девојки бидејќи ги истакнуваат долгите нозе. Мора да имате барем два пара – едни широки и едни тесни.

8. НОСЕТЕ ДОЛГИ СУКНИ

Слободно можете да носите долги сукни до подот бидејќи одлично стојат на високи жени. Со сукната можете да комбинирате краток топ или обична маица која ќе ја вметнете во неа, за да го истакнете струкот. Може да носите и плисирани сукни, кои не се препорачуваат на ниски и жени со средна висина.

9. ИГРАЈТЕ СО ФРИЗУРИТЕ

Скоро сите фризури прилегаат на високите девојки! Кратки фризури, долги, со локни или прави.. Само е важно да ја најдете фризурата која ќе одговара на вашиот изглед.

“`

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

6 летни аутфити што ќе ги носиме во јули: елегантни, лесни и создадени за топлите денови

“`html Ленени комплети, лелеави фустани, природни текстури и тренди аксесоари ќе го …