Шарлиз Терон повторно докажа дека е една од најдобро облечените жени во Холивуд. Во текот на промотивната турнеја за новиот филм „Одисеја“, оскаровката во Париз блесна во софистицирано издание кое ги спои гламурот, елеганцијата и современиот моден израз.
Непосредно пред премиерата на филмот „Одисеја“ во Лондон, Шарлиз Терон привлече големо внимание со објава на Инстаграм, а потоа и со редот впчатливи модни изданија на европската промотивна турнеја. Актерката, која во новото дело на Кристофер Нолан ја толкува улогата на Калипсо, уште еднаш потврди зошто важи за една од најголемите модни икони на денешницата.
По Лондон, следеше и спектакуларно појавување во Париз. Пред осветлената Ајфелова кула, Шарлиз позираше во стајлинг кој истовремено беше смел и софистициран.
Во центарот на вниманието се најде сатенски светлосин мини шорц кој ги истакна нејзините витки нозе, додека црниот сако со прецизен крој внесе доза на безвременска елеганција. Сјајните сандали со високи потпетици дополнително ја издолжија силуетата и го заокружија модното издание кое предизвика многу позитивни реакции.
Шарлиз Терон уште еднаш покажа дека вистинскиот стил не зависи од трендовите, туку од самодовербата и начинот на кој модата се носи. Нејзиното издание совршено ги спои гламурот, секси апилот и високата мода, потврдувајќи го статусот на една од највлијателните жени на светската модна сцена.