Летната мода за 2026 година јасно покажува едно: фустанот останува главна ѕвезда на гардеробата, но во многу различни расположенија – од нежни и романтични до минималистички кул и оние кои изгледаат како „случајно совршени“.
Наместо комплицирани комбинации и модни експерименти кои бараат дополнително објаснување, сезоната се потпира на едноставноста која изгледа скапо, лесно и ненаметливо. Акцентот е на природните материјали, воздушните кроеви и деталите кои делуваат како да се избрани без многу размислување – иако реалноста, секако, е сосема друга приказна.
Во центарот на вниманието се фустани кои ја следат линијата на телото без притискање, даваат слобода на движење и функционираат во секоја дневна варијанта – од утринско кафе до вечерен излез „кој требаше да биде краток“.