Коњскиот реп со години беше beauty „сигурна зона“ – она кога нема инспирација, кога е горештина или кога едноставно нема нерви за фен. И тогаш се појавува Медуза Понитeјл и целосно ја вешта таа рутина, во најдобра можна смисла.
Ова повеќе не е репот „врзи и заборави“. Новата верзија доаѓа со став, драма и мали дози TikTok хаос. Основата е сè уште класична мазна коњски реп фризура, но поентата започнува токму во должината: наместо една мазна линија, косата се дели на повеќе тенки прамени кои се плетени или виткани во ситни плетенички и „twist” форми. Резултат? Реп кој изгледа како да има сопствена личност.
Инспирацијата доаѓа од митолошката Медуза, што во превод значи – коса која привлекува внимание и малку „хипнотизира“ каде и да се појави. Не е нежно, не е слатко, туку баш онака ефектно и малку опасно шик.
Најдобриот дел од целата приказна е што фризурата не бара салон и тричасовно мачење. Со малку гел за мазен ефект, неколку ситни гумички и трпеливост која трае подолго од 10 минути, може да се направи и дома. Основата се врзува во реп, потоа должината се дели на помали секции кои се стилизираат во тенки плетенички или „twist“ форми. Што повеќе детали – толку подобар ефект.
Она што ја турка во „viral“ зона е фактот што изгледа како да е “high fashion”, а всушност спаѓа во категорија DIY фризури кои го спасуваат животот пред излегување. Идеална е за фестивали, вечерни излегувања, летни журки или ситуации кога треба да изгледате среедено без премногу труд (што е, реално, најголем beauty цел).
Не е ни чудо што веќе ја усвоиле познати личности и beauty инфлуенсери – од црвените теписи до Instagram feed-ови, Медуза Понитeјл се однесува како фризура која обожава внимание и не планира да го дели.
Најдобро се вклопува со glossy шминка, изразени ајлајнери и „cool girl“ уличен стил комбинации. Накратко – тоа е оној реп кој не изгледа како што сте само се врзале, туку како што сте влегле во моден едиторијал без претходно предупредување.
И додека класичниот коњски реп сè уште има своето место, Медуза верзијата јасно порача: basic е во ред, но малку драма никому не наштетила.