Home Мода и убавина Дали букален масаж е најдобрата природна алтернатива на ботокс?

Дали букален масаж е најдобрата природна алтернатива на ботокс?

Ако во светот на убавината моментално постои нова опсесија, тоа дефинитивно е Buccal масажа – луксузен третман за лице којот светот на славните го нарекува природен лифтинг без инекции.

TikTok, Instagram и инсјадерите за убавина не престануваат да зборуваат за техниката која ветува затегнато лице, поизразена вилица и тој фамозен „затргнат“ изглед без ботокс и филери.

И да, звучи малку невообичаено. Но токму тоа е причината поради која интернетот е целосно опседнат со него.

Меѓу познатите дами кои наводно ја обожаваат Buccal масажата се Џенифер Лопез, Кејт Мос и Меган Маркл, а кога некој третман за убавина добива нивен печат, јасно е дека станува глобален тренд.

За разлика од класичните масажи на лице, Buccal масажата делува многу подлабоко. Третманот го изведува специјално обучен терапевт кој, со помош на ракавици, го масира лицето однадвор и внатре – директно преку устата. Да, дел од масажата се врши внатре кај образите, што овозможува пристап до мускулите на лицето кои речиси никогаш не се активираат со обични facial третмани.

Токму затоа ефектот е многу поинтензивен. Лицето изгледа затегнато, дефинирано и одморено, додека отокот и напнатоста во вилицата видливо попуштаат.

Стручњаците за убавина тврдат дека овој третман е особено популарен меѓу луѓето кои несвесно ја затегнуваат вилицата, патат од стрес или имаат отечено лице поради замор и задржување течности. Освен што ги опушта мускулите, масажата поттикнува лимфна дренажа и циркулација, па лицето по третманот добива свеж, „glow“ ефект, како после одмор.

Една од причините поради кои Buccal масажата стана феномен во светот на убавината е фактот дека совршено се вклопува во огромниот тренд на природниот анти-ејџ пристап. Сè повеќе луѓе сакаат затегната и негувана кожа без премногу инвазивни процедури, а токму овој третман нуди „botox-like“ ефект на многу понежен начин.

Нормално, стручњаците истакнуваат дека масажата не може целосно да ги замени естетските третмани како ботокс или филери, но може значително да го подобри тонусот на кожата, дефиницијата на лицето и општиот изглед на тенот – особено со редовни третмани.

И можеби токму тоа е причината поради која индустријата за убавина е целосно луда по него. Во ера кога сите сакаат да изгледаат свежо, затегнато и луксузно негувано, но без очигледни интервенции, Buccal масажата делува како совршен компромис помеѓу wellness ритуалите и современиот луксуз за убавина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Балајаж или прамени: Што да изберете?

Ако постои една дилема за убавина што секојпат се повторува пред лето, тоа е познатото пра…