Фармерките се нешто највредно во гардеробата бидејќи се еден од ретките парчиња кои може да се носат буквално насекаде и ќе изгледате супер стилски.
Тренди девојките обожаваат да ги носат во секоја можна прилика, додека стиловите кои ќе ги најдете на пазарот се безбројни. Од модели со прави ногавици до фармерки со широк крој, опциите се многу и ќе ги видите како протагонисти во хрониките на уличен стил, на модните писти на познати куќи и во објавите на најелегантните Инстаграм девојки.
Меѓутоа, постои една комбинација која е омилена на трендсетерките, а тоа е фармерки во комбинација со црн горен дел, од било кој тип.
Во продолжение, одбравме 6 изгледи за вас за да ја усвоите моментално најомилената комбинација на модерните девојки за вашите пролетни излегувања.