Иако е кисел и кремаст, пудингот од лимон е одличен десерт за чие приготвување ви се потребни само три состојки и 15 минути готвење.
Овој популарен британски десерт е прекрасна посластица која можете да ја послужите во било кое време, со шолја кафе или чај, или како завршница на обемно јадење. Ви се потребни неколку поголеми лимони, а кората можете да ја користите како чаша и да ги изненадите гостите со необичен десерт кој ќе ги воодушеви.
Погоден е и за вегетаријанци, бидејќи смесата се стега и згуснува благодарение на киселината во лимонот, а не со додавање желатин како кај слични посластики.
За подготовка на десертот ви е потребно:
200 мл слатка павлака
75 г шеќер
25-30 г лимонов сок
1/2 лажица изрендана кора од лимон
1 лажичка ванила
Подготовка:
Слатката павлака, шеќерот и изренданата кора од лимон ставете ги во тенџере. Пуштете да зоврие на тивок оган 3-4 минути, но внимавајте смесата да не проврие. Кога павлаката ќе пожолти и стане малку погуста, тргнете го тенџерето и додадете лимонов сок и ванила и измешајте. Ќе забележите дека смесата ќе се згусне уште повеќе. Процедете ја смесата низ сито за да ја отстраните кората од лимон. Оставете да се олади една-две минути, потоа наполнете ги издлабените лимони и оставете да стои во фрижидер 1-2 часа.