Започнете грижа внатре
Французинките пијат вода постојано. Водата „испира“ токсини од организмот и прави да вашата кожа свети. Исто така, овозможува внатрешните органи да работат нормално и го чува вашето здравје. За да биде организмот хидриран, Французинките се трудат да јадат органска храна колку што е можно повеќе. Се грижат да исфрлат продукти кои содржат многу шеќер и масти, како и преработена храна.
Помалку шминка
Французинките генерално не користат многу шминка. Имаат минималистички пристап и обично користат само лесна подлога, малку коректор, руменило и кармин. Јаката шминка може да доведе до проблеми со кожата. Тежнејте кон тоа да користите BB крема, коректор за неправилности под очите и малку маскара. Ако лицето ви е бледо, додајте и малку руменило.
Користете мицеларна вода за отстранување на шминка
Мицеларната вода е најефективниот начин за отстранување на шминката. Станува збор за мека вода со мали маслени топчиња внатре кои отстрануваат нечистотија и вишок маснотии од вашето лице. Ја чисти кожата многу подобро од сапун и вода или влажни марамчиња.
Користете цветни балсами
Цветните балсами се совршени природни тонери. Одлични се за кожата бидејќи ја прават мека и освежена, а оставаат прекрасен женствен мирис. Се препорачуваат цветни балсами од цвет од портокал или роза.
Додека ставате крема, масирајте го лицето
Без разлика дали ставате дневна или ноќна крема, француските убавини препорачуваат тоа да го правите со лесни движења слични на масажа. Тоа помага да се одржи тонусот на мускулите и прави вашата кожа да изгледа затегнато. Почнете од линијата на вилицата кон образите и продолжете помеѓу веѓите до линијата на косата. Ритуалот на ставање ноќна крема може да биде период за опуштање кој ќе го отстрани стресот и ќе ве подготви за спиење.
Не претерувајте со вежбање
Ако внимавате што јадете, пиете доволно вода и одите околу 30 минути дневно, тоа ќе биде доволно да останете во добра форма. Французинките уживаат во сè, па така и во јадењето, со оброци кои не се нездрави. Самото уживање е поврзано со убавината. Насмевката и чувството на пријатност во сопствената кожа го прават изгледот поубав. Лесна прошетка или јога може да имаат ист ефект како напорните тренинзи.