“`html
Заборавете на идејата дека фудбалскиот дрес е резервиран само за стадионот – денес е еден од најнеочекуваните, но и најкул парчиња во гардеробата на секоја трендсетерка.
Она што некогаш беше исклучиво спортско, сега преминува директно во уличен стил и секојдневни аутфити со доза модна храброст. Инспирација? Новиот дроп на брендот adidas, кој носи култни дресови од Светското првенство и автентични репрезентативни парчиња. Но, вистинското прашање не е што да се носи – туку како да се носи.
На сцена настапува естетиката која моментално владее на модната сцена: блокете. Спој на две наизглед неспојливи енергии – опуштениот, малку „детски“ блок кор стил и нежната, романтична кокет естетика. Резултат? Комбинации што се истовремено кул и женствени, лежерни, но внимателно стилизирани.
Трендот не настана преку ноќ. Веќе некое време модни инсајдерки и TikTok девојки ги претвораат спортските дресови во вирални аутфити, а Белa Хадид беше меѓу првите која го популаризираше овој стил, без напор спојувајќи мини здолништа, Mary Jane чевли и преголем дрес и со тоа постави нови модни правила.
Најдобриот дел? Нема ограничувања.
Фудбалскиот дрес можете да го носите со речиси сè – од класични мокасини и ретро моделите на Mary Janes, до патики (секако) и елегантни slingback чевли. Кога станува збор за долниот дел, изборот е исто така разновиден: мини, миди или макси здолништа, широки панталони, фармерки… сè доаѓа предвид.
Овој тренд не е само естетски интересен – тој е и практичен. Комбинира удобноста на спортското парче со креативноста на модната игра, создавајќи изглед што делува спонтано, но всушност има силен стилистички потпис.
Ако барате начин да ја освежите гардеробата без многу труд, фудбалскиот дрес можеби е токму тоа неочекувано парче кое ќе го подигне вашиот стил на повисоко ниво.
Во галеријата најдете инспиративни примери.
“`