“`html
Дали навистина сте способни да се слушате себеси?
И зошто воопшто треба да се слушате себеси?
Единственото што го носиме со себе во светот е она што го носиме во своите срца. Меѓутоа, постојат предупредувачки знаци кои ви откриваат дека не го слушате своето срце:
1. ПРЕМНОГУ СТЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО МАТЕРИЈАЛНИОТ СВЕТ
Трошите премногу време на размислување и работа за материјалните добра. Но, најголемото задоволство секогаш доаѓа од работите што ги правиме со страст, а не поради желба за материјални добра.
2. ПРЕМНОГУ СТЕ ЗАГРИЖЕНИ
Грижата и недостатокот на самодоверба се вистински удар за вас. Ако немате доволно доверба во себе, тогаш не верувате ни на светот.
3. СЕ ПОДЦЕНУВАТЕ СЕБЕСИ
Мислите дека не сте доволно добри? Зошто? Верувајте дека го имате сè што ви е потребно!
4. НОСИТЕ ПРЕМНОГУ ТЕЖИНА
Секоја ситуација или чувство бара своето време. Кога не можете да се откажете од одредени емоции, тие стануваат товар што ве влече надолу. Секогаш прифаќајте ја тагата, а потоа кога ќе дојде времето, оставете ја и движете се напред.
5. ГИ ЗАНЕМАРУВАТЕ СВОИТЕ ВИСТИНСКИ ПОТРЕБИ
Заглавени сте во повторни кругови на рутина. Било да е тоа вашиот животен стил, работа или ваша врска во која се чувствувате заробени.
6. НЕ ГО СЛУШАТЕ ВАШИОТ ВНАТРЕШЕН ГЛАС
Тоа е тој глас или шепот, наречен и интуиција. Глас што знае што навистина сака вашето срце. Но, многу сакаме да го исклучиме, бидејќи обично не е во согласност со она што го сака нашиот ум. Слушајте го.
7. ЗАГЛАВЕНИ СТЕ ВО МИНАТОТО
Кога ќе се ослободиме од минатото, ги отвораме вратите за нови можности и шанси.
“`