Home Љубов и секс Неверојатно, но вистинито: можете да бидете алергични на вашиот партнер

Неверојатно, но вистинито: можете да бидете алергични на вашиот партнер

Алергиите можат да бидат навистина непријатни, но што ако сте алергични на партнерот?

Звучи неверојатно, дури и смешно, но има луѓе кои се заљубени до уши, а сепак не можат да се ослободат од кивање и солзи кога се блиску до партнерот.

Па, погледнете ги 5-те алергии кои не се ништо друго освен алергија на партнерот.

1. АЛЕРГИЈА НА КОСА

Ова е навистина ретка алергија, но сепак постои. Обично се јавува кога лицето е алергично на производите за нега на коса кои ги користи вашиот партнер. Исто така, може да биде предизвикано и од материјалот од кој е изработена надградбата на коса.

2. АЛЕРГИЈА НА КОЖА

Во овој случај станува збор за алергиски контактен дерматитис. По контактот со кожата и алергенот, се појавуваат осип и чешање на кожата.

3. АЛЕРГИЈА НА ПЛУНКА

Бациувањето може да биде многу опасна активност ако сте алергични на плунката на вашиот партнер. Всушност, овде обично се работи за алергија на состојките на плунката, а не на самата плунка. На пример, ако сте алергични на одредена храна, а вашиот партнер ја јаде, алергиска реакција може да се појави по бакнување. Истото важи и за лековите.

4. АЛЕРГИЈА НА СПЕРМАТОЗОИДИ

Иако овој вид алергија е многу редок, постојат луѓе кои се алергични на нив. Симптомите на оваа алергија можат да бидат различни – од печење и чешање на гениталиите по однос, до анафилактичен шок. Ако користите кондоми, нема потреба да се грижите. Освен ако не сте алергични на латекс.

5. ВОБИЧАЕНИ АЛЕРГИИ

Може да имате алергија на нешто што вашиот партнер носи – на пример на лосиони, парфеми, козметика, накит, материјалот од кој е изработена облеката и слично.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

7 работи што НИКОГАШ не треба да ги кажете по сексот

Дали сте некогаш имале прв сексуален однос со нов партнер и веднаш потоа тој (или уште пол…