И сите ќе ве прашуваат кој парфем го носите.
Денот на вљубените не е само за… вљубените. Тоа е совршена можност да ја прославите љубовта – без разлика дали сте сингл или во врска – така што ќе покажете колку се сакате себеси, вашите пријатели или партнерот.
Со оглед на тоа што 14 февруари е зад аголот, кога ако не сега ќе си дадете можност да се препуштите на празничната атмосфера и да си подарите нешто посебно? Прашањето, секако, е реторичко – сега е идеалното време да го набавите оној парфем што одамна сте го посакувале или да им подарите мирис на драги пријатели, сестра или роднина. На крајот на денот, секоја можност за славење е добредојдена, зашто си дозволуваме уживање – без грижа на совест.
Ви препорачуваме да ги искористите тековните попусти што сè уште траат за да се почестите со парфем кој одамна го меркате. На пазарот веќе се достапни нови изданија, како и преработки на класични, возбудливи мирисни композиции што само чекаат да бидат откриени.
Во галеријата подготвивме 10 мириси идеални за Денот на вљубените – кои сигурно ќе добијат најмногу комплименти!