Home Вебкафе Како се слави Денот на вљубените низ светот?

Како се слави Денот на вљубените низ светот?

Како се Денот на вљубените слави ширум светот?

За многу парови, Денот на вљубените е еден од најомилените празници. Традиционално, овој ден се одбележува со подароци како рози, чоколади и плишани мечиња за саканата личност. Но, никој не ве спречува да бидете пооригинални – можете да додадете чаша добро вино и викенд во спа центар ако сакате да го направите посебен.

Сепак, во различни краеви на светот, луѓето развиле сопствени, уникатни начини за одбележување на овој ден, ширејќи љубов и покажувајќи им на блиските колку им значат. Ви откриваме како изгледа Денот на вљубените во разни земји низ светот.

Во Кина

Фестивалот Ќикси, познат и како Фестивалот на двојната седумка, обично се одржува во август и не е официјален празник, но се смета за кинеска верзија на Денот на вљубените. Потекнува од кинеската митологија и ја раскажува приказната за забранетата љубов меѓу смртник и вила, кои смеат да се сретнат само еднаш годишно, на седмиот ден од седмиот лунарен месец.

Во Франција

Се зборува дека во Франција постоел необичен обичај: младите кои сакале да најдат партнер се собирале во посебни куќи чии прозорци биле поставени еден наспроти друг. Повикувале момчиња и девојки преку прозорците и доколку на момчето не му се допаднела девојката која стои спроти него, си заминувал. На крајот од денот, се палела голема огнена ломача и се гореле сликите на момците кои ги одбиле девојките – симболичен начин да се излечат скршени срца.

Во Кореја

Во Кореја слатките се во центарот на вниманието на 14 февруари. Но, за разлика од останатите земји, тука само жените подаруваат чоколади на мажите. Точно еден месец подоцна, на 14 март – познат како „Бел ден“, мажите им возвраќаат со подароци на жените. Тоа е ден кога многу момчиња првпат ја изразуваат својата љубов кон девојките кои ги освоиле нивните срца.

Во Италија

Во минатото, во Италија Денот на вљубените се славел како пролетен фестивал на отворено. Младите се собирале, слушале музика и ја изразувале љубовта преку читање поезија. Иако овој обичај исчезнал со текот на времето и со векови не се одбележувал, постои верување дека во некои рурални и изолирани делови на Италија сè уште постојат мали заедници кои го негуваат овој традиционален начин на прослава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Објавен е трејлерот за Ѓаволот носи Прада 2

Трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“ штотуку објавен Дваесет години по премиерата на првиот…