Home Љубов и секс Дали некогаш тајно сте го земале телефонот на саканата личност во раце?

Дали некогаш тајно сте го земале телефонот на саканата личност во раце?

Довербата се смета за основа на секоја љубовна врска.

Ако недостасува, невозможно е да постои стабилен однос меѓу двајца луѓе. Класичен пример за недоверба е прелистување пораки или електронска пошта на партнерот. Но, дали понекогаш е оправдано земањето на телефонот на партнерот без негово знаење?

Можеби ќе помислите дека таквото однесување може да значи крај на врската. Но, најновите истражувања покажуваат дека повеќе од половина од луѓето кои се во среќна врска — па дури и во брак — одвреме-навреме прелистуваат пораки во телефонот на саканата личност. Тие исто така признаваат дека целта не им е да проверат дали има неверство, туку едноставно љубопитност. Освен тоа, велат дека сосема реално очекуваат и нивниот партнер да ги чита нивните пораки на истиот начин.

Ќе ве изненади фактот што мажите се тие кои почесто „њушкаат“ по телефоните на нивната посилна половина. Обично ја избираат моментот кога девојката е во бања или кога заспала, за во мир да ги прелистаат нејзините разговори со други луѓе. Иако не бараат директни докази дека се допишува со други мажи, љубопитноста од таков тип, според стручни психолози, може сериозно да ја разниша врската — доколку биде откриена.

ШТО МОЖЕ ДА ВЕ НАТЕРА ДА „ЊУШКАТЕ“ НИЗ НЕГОВИОТ ТЕЛЕФОН?

Пред сè, ако еднаш сте доживеале неверство, секогаш ќе постои некој мал црв на сомнеж во вас. Ако поранешниот партнер ве изневерил, ќе ви биде потребно многу време и труд да научите повторно целосно да им верувате на луѓето. Што е сосема разбирливо. Од друга страна, оваа активност е честа кај лица со ниска самодоверба. Ако партнерот, на пример, има многу пријателки или згодни колешки кои ги знаете, голема е веројатноста да посакате да знаете каков е неговиот начин на комуникација со нив.

КАКО ДА ОДОЛЕЕТЕ НА ИСКУШЕНИЕТО?

Ако некогаш се најдете во ситуација каде можете да ги прочитате пораките на партнерот, првото што треба да си го поставите како прашање е – зошто го правам ова? Дали има реална причина за сомнеж во саканата личност? Ако има, тоа дефинитивно не се решава преку читање туѓи пораки. Клучот лежи во комуникацијата. Таа ја зајакнува довербата меѓу паровите. Најлошото што може да ви се случи е погрешно толкување на прочитаното, што може да доведе до расправија, па дури и до прекин, поради непромисленост.

Имајте на ум – ако некој не ја заслужува вашата доверба, тогаш можеби не треба ниту да сте во таа врска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

Што им е поважно на мажите од сексот?

Верувајте, постои нешто што им е поважно на мажите од сексот! Иако стереотипот дека мажите…