Марго Роби продолжува да ги поместува границите на стилот, претворајќи секое свое појавување во вистинска модна изјава, со јасни алузии на времето и атмосферата на нејзиниот нов филм.
Овој пат, актерката се појави на црвениот тепих на премиерата на долгоочекуваниот филм „Оркански височини“ во Лондон, каде игра заедно со Џејкоб Елорди, уште еднаш потврдувајќи го својот статус како една од модните икони на својата генерација.
За оваа прилика, Марго се одлучи за екстравагантна проѕирна креација од дизајнерката Дилара Финдикоглу, со впечатливи викторијански детали и корсет што совршено ја истакнува нејзината фигура. Фустанот беше украсен со зелени плетенки од синтетичка коса – уникатен дизајнерски елемент кој ѝ даде темна, но романтична нота на целокупниот изглед, совршено усогласен со атмосферата на филмот. Инспирацијата за фустанот доаѓа од историскиот накит на Шарлот Бронте – нараквици изработени од косата на нејзините сестри Емили и Ани – што уште еднаш покажува дека ниту едно појавување на Марго Роби не е случајно.
Дизајнерката објасни: “За Марго креиравме свилен тул фантом корсет со сложен француски шифон, кој ја нагласува карактеристичната женска силуета. Фустанот е инспириран од тажната нараквица на Шарлот Бронте. Синтетичката коса е рачно боена за да одговара на бојата на косата на Ани и Емили Бронте, а секоја плетенка е рачно обликувана за да ја пренесе поврзаноста меѓу сестрите. Експериментиравме со различни техники на плетење, додадовме викторијански плетенки и антикварни игли комбинирани со чипка. Фустанот е поддржан со плетени прерамки со цветни детали, поврзани со свила и шифонска чокер-огрлица украсена со ткаена коса и сатенска лента.”
Марго Роби ја толкува улогата на Кетрин во новата филмска адаптација на класиката од Емили Бронте, под режија на Емералд Фенел, а филмот се очекува во киносалите од 12 февруари 2026 година.
За време на промотивната турнеја, актерката низ низа стајлинзи со георгијански и викторијански референци го претвори црвениот тепих во продолжение на самата филмска приказна. До неа, секако, беше и Џејкоб Елорди, нејзиниот партнер од филмот и љубовник, облечен во елегантен маслинесто-зелен костум, додека заедно позираа со насмевки кои освојуваат.