Home Живот и здравје Зошто никогаш не треба да ги покривате четките за заби со капаче

Зошто никогаш не треба да ги покривате четките за заби со капаче

Студија направена од Американското здружение за микробиологија открила дека поклопувањето на четката за заби всушност е не-хигиенска навика. Изненадени?

Според зборовите на Лаура Абер, „користењето заштитен капак на четката за заби не ја штити од развој на бактерии, туку создава идеална средина за нивен раст, бидејќи спречува главата на четката целосно да се исуши по употребата“.

Секое купатило е малку повлажно од другите простории во домот – сепак, често има долги, топли бањи и туширања, а влагата останува. Затоа капакот на четката за заби не е добра идеја.

А што ако патувате? Брендот Орал-Б советува да се користи капаче со многу мали отвори кои овозможуваат добра циркулација на воздухот и сушење на влакната. Сепак, дома четката треба да остане откриена. Најдобро е да се чува во исправена положба.

Не живеете сами? Во тој случај, набавете чаша со одвоени отвори за секоја четка, за да се избегне допир на главите – што е многу не-хигиенски!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …