Мачките се слатки и вистински пријатели, но фактот е дека оставаат силен мирис во домот.
Луѓето кои чуваат мачки дома често не го забележуваат нивниот мирис, а дури и ако го почувствуваат – сметаат дека е во ред. Секако, нема да се откажете од својот миленик само затоа што мириса непријатно, па проблемот обично се игнорира. Но, има неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат вашиот дом да мириса одлично – дури и ако чувате и три мачки!
Некои од советите се очигледни, но често се занемаруваат.
1. Не ставајте капак на мачкаскиот тоалет
Современите мачкаски тоалети со капаци се многу популарни и изгледаат практично – му даваат приватност на миленикот. Но, ваквиот тип на кутија нема доволна вентилација, што доведува до натрупување непријатен мирис. Тоа не значи дека треба да се откажете од затворени тоалети – туку проверете дали добро се вентилираат и дали вашата мачка се чувствува удобно при користење.
2. Променете го материјалот за тоалет
Важно е да обрнете внимание на материјалот што го користите во кутијата за потреби. Тој има големо влијание врз тоа како ќе мириса вашиот дом. Некои користат весници, други песок или дури и стругачки како евтини опции. Но, тие често ја засилуваат непријатната миризба. Најдобро е да инвестирате во еколошки материјали што ја неутрализираат аромата и не се штетни за мачките.
3. Користете сода бикарбона
Ако сакате брзо да се решите од непријатниот мирис пред гости, користете сода бикарбона. Таа има природна способност да впива мириси и е безопасна и за луѓето и за мачето. Само посипете малку врз материјалот во кутијата или на местата кои мирисаат – и ќе почувствувате разлика веднаш.
4. Внимавајте што и колку јаде мачката
Исхраната на вашата мачка директно влијае на нејзиниот мирис – како и на мирисот на домот. Одредени видови храна, особено сувата и млекото, можат да доведат до поинтензивна арома. Млекото, иако често го давамe од љубов, не е добро за мачкин желудник. Исбалансираната храна не само што е здрава, туку и го минимизира непријатниот мирис.
5. Немојте да го преместувате тоалетот
Мачките се навикнуваат на местото каде што ја користат кутијата. Ако ја преместите ненадејно, големи се шансите да почнат да мократ на несакани места – теписи, кревети, фотелји. Ако мора да ја смените локацијата, сторете го тоа постепено – ставете втора кутија на новото место додека таа не се навикне, па потоа тргнете ја старата.
6. Природни освежувачи наместо хемикалии
Освежувачите од продавница често содржат хемикалии кои не се добри за ни вас, ни за мачката. Наместо тоа, користете природни решенија како цимет, каранфилче или лимонова вода. Овие природни состојки ќе го задржат воздухот свеж, а не му штетат на миленикот. Можете и со свежо цвеќе да го освежите просторот – само водете сметка да не е токсично за мачки.
Се разбира, мирисот од мачката е често проблем, но со овие совети можете да го решите за неколку минути. Ако сепак мирисот не исчезнува и станува премногу силен, посетете ветеринар – особено ако вашето маче е постаро, бидејќи тоа може да укажува на здравствен проблем.
А вие, кои трикови ги користите за да го одржите домот свеж и без мачкин мирис?