Home Живот и здравје Ако немате време за теретана, нема проблем – отворете шише вино!

Ако немате време за теретана, нема проблем – отворете шише вино!

Ако не успевате да стигнете во теретана, ништо страшно – само отворете шише вино!

Најновите истражувања покажуваат дека една чаша црвено вино е еднаква со еден час поминат во теретана.

Ако ви е пренатрупан распоредот за да обуете патики и да одите до најблиската теретана – опуштете се. Наместо на вежбачки справи, седнете удобно и уживајте во чаша црвено вино. Една чаша има ист ефект како и час телесна активност во теретана.

Звучи предобро за да биде вистина, нели? Можеби навистина звучи чудно, но истражувачите од Универзитетот во Алберта, Канада, откриле дека главната состојка во црвеното вино – ресвератролот – го подобрува мускулниот тонус, физичката издржливост и работата на срцето исто како и кардио тренинг од еден час.

„Бевме многу возбудени кога откривме дека ресвератролот покажува резултати слични на оние од кардио тренинг,“ изјави истражувачот Џејсон Дик за „Сајанс њуз“.

Тој изјавил дека неговиот тим веднаш ја согледал големата важност на ваквото откритие, и нивната следна мисија ќе биде да создадат таблетa која ќе ги содржи ваквите карактеристики – со цел да направат вистинска револуција во светот на спортот.

Ако денес сте мрзливи, една чаша црвено вино дефинитивно ќе ви помогне.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …