Home Вебкафе Зошто е добро да се имаат пријатели со авантуристички дух?

Зошто е добро да се имаат пријатели со авантуристички дух?

Да видиме што донесуваат авантуристите во нашиот живот

„Животот е голема авантура или ништо“, рекла Хелен Келер, а ние целосно се согласуваме со неа.

Пријателите со авантуристички дух нѐ прават посреќни. Тоа се оние луѓе со кои ги делиме и големите и малите авантури. Ги викаме кога сакаме акција, а тие секогаш се подготвени да ги прифатат нашите идеи. Патувањата се убави, но уште поубави се кога ги споделуваме со вистинските луѓе – оние кои ја извлекуваат најдобрата верзија од нас, со кои сме опуштени. Тие нѐ мотивираат, го прават животот повозбудлив, полесен и позабавен.

Авантуристите често привлекуваат слични луѓе – спонтани, весели, активни. Тоа се личности кои ќе станат среде ноќ за да одат со нас на врв од рид и да го гледаат изгрејсонцето, или ќе влезат во автомобил и ќе заминат кон некое непознато место.

Зошто е добро да имаме авантуристи во животот?

Тие ни го зголемуваат самодовербата

Нè поттикнуваат да пробаме нешто ново и не дозволуваат да западнеме во сива рутина. Заедно со нив уживаме во нови доживувања, нѐ полнат со животна енергија и благодарение на нив стануваме посигурни во себе.

Тие ја поттикнуваат нашата креативност

Со нив откриваме нови идеи, пробуваме нешта што никогаш порано не сме ги направиле и ѝ даваме простор на сопствената креативност.

Авантуристите нѐ прават посреќни

„Кажи ми со кого се дружиш, и ќе ти кажам кој си“ – толку вистината. Ако времето го поминуваме со активни луѓе, и ние ќе станеме такви. Секојдневието ни е ограничено, па не можеме да бидеме во контакт со сите. Затоа намалуваме контакт со оние што нѐ оптоваруваат и повеќе време минуваме со тие што нѐ охрабруваат да бидеме активни и среќни.

Создаваме заеднички спомени

Непроценливо е чувството да имаме луѓе со кои можеме да споделиме незаборавни моменти, кои со нас ќе се паметат со насмевка до крајот на животот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…