Home Љубов и секс Мамин син или вистински маж? Еве како да го препознаете и како да реагирате

Мамин син или вистински маж? Еве како да го препознаете и како да реагирате

На почеток, ова не е толку лошо

Маж кој има блиска врска со мајка си, често покажува почит кон сите жени и ја цени нивната мисла. Тоа дефинитивно е доблест, но проблемот настанува кога не може да донесе ниту една одлука без согласност од родителите. Ваквото однесување може да ја отежне врската и да создаде фрустрации, но постојат начини како да се справите со тоа и да поставите здрави граници – еве како!

Не потклекнувајте на неговите провокации, убедувања и барања

Мамините синови често се однесуваат со жената во врската како што се однесуваат со мајка им: очекуваат целосна посветеност и исполнување на сите желби и потреби. Прекинете го тоа веднаш. Објаснете му дека не сте му мајка и дека нема да му ги собирате чорапите низ станот. Покажете став. Со мајка му може да се однесува како дете од пет години, но со вас тоа нема да мине. Игнорирајте ги сите негови трикови и провокации.

Не прифаќајте да живеете со неговата мајка

Доколку се предложи преселба во неговиот дом, тоа често не е најдобрата идеја. Животот под ист покрив знае да донесе семејни тензии, пречести расправии и непријатни ситуации. Во таков амбиент, токму вие најмногу ќе се чувствувате нелагодно – на крај, тој речиси секогаш ќе ја поддржи мајка си, а вие ќе се чувствувате како виновна. Ако сè уште немате свој простор, а неговата мајка ве покани пријателски, одбијте љубезно. Почекајте до моментот кога ќе бидете и финансиски и емоционално подготвени за заеднички дом.

Избегнувајте конфликти со неговата мајка

Вашата цел е неговата мајка да стане ваш сојузник, а не противник. Не ја обвинувајте и не и’ се спротивставувајте. Секогаш обидувајте се да бидете отворена за комуникација. Трпението е клучно: покажете почит, слушајте ја внимателно и не обрнувајте внимание на ситни забелешки. Ако доаѓа во посета еднаш месечно – тоа е сосем прифатливо. Но ако сака да доаѓа секој ден, објаснете и на љубезен и дипломатски начин дека посетите треба да бидат поретки, со заемна почит.

Не дозволувајте свекрвата да одлучува наместо вас

Едно е кога неговата мајка ќе изрази свое мислење или сподели корисен совет. Но сосема друго е кога таа носи одлуки наместо вас. Никогаш не дозволувајте свекрвата да се меша во вашата врска. Големи одлуки, како купување на недвижности, родителство, одмори, па и секојдневни несогласувања – треба да се разгледуваат и донесуваат исклучиво од вас и вашиот партнер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

Топ 3 причини зошто мажот повеќе не сака интимност со вас

1. ИСЦРПЕНОСТ И ДЕПРЕСИЈА Дури и најбаналната исцрпеност може да биде причина за намален л…