Home Живот и здравје Зошто мачките сакаат да спијат врз нас

Зошто мачките сакаат да спијат врз нас

Некои луѓе уживаат кога мачката им легнува врз тело, додека други тоа ги нервира

Но без разлика на вашата страна, не може да се негира дека мачките некогаш едноставно посакуваат да се вгнездат на нашите гради, нозе или стомак. Зошто е тоа така?

Малкумина можат да се одбијат пред шармот на овие харизматични животни. Мачките се дел од животот на луѓето уште од дамнешни времиња. Денес, иако не се третирани како божества како во стар Египет, сè уште се многу ценети.

Британски научници неодамна се обидоа да одговорат на прашањето зошто мачките толку често сакаат да се припијат до своите сопственици и предложија три интересни теории:

1. Топлина и исцелувачки способности

Мачките имаат повисока телесна температура од луѓето, па затоа често бараат дополнителен извор на топлина за да се стоплат. Човек најмногу губи топлина преку главата, поради што некои мачки знаат ноќе да легнат токму на главата или перницата на својот сопственик.

Покрај тоа, одамна постои верување дека мачките имаат исцелувачки својства. Иако звучи мистично, тоа може да се објасни сосема логично. Обично делот од телото кој нè боли има повисока температура, а мачките природно се привлекуваат од таква топлина, па токму на тие места сакаат да легнат – како да знаат дека таму нè боли.

2. Неодолив мирис

Мирисот на сопственикот е многу привлечен за мачката. Посебно се привлечени од мирисот на женската коса кога е убава и свежо намирисана, па не е необично ако мачката се обиде да ја лиже косата.

Сепак, бидете претпазливи – плунката на мачките може да содржи бактерии кои се преносливи и можат да имаат негативно влијание врз вашата кожа или скалп.

3. Чувство на безбедност

Кога се блиску до вас и го чувствуваат вашиот мирис, мачките се чувствуваат посигурно и поудобно. Често нови луѓе или гости во домот можат да ги вознемират, бидејќи тоа ја нарушува нивната секојдневна рутина. Тогаш тие бараат утеха токму кај вас, легнувајќи ви на скут или гради, за повторно да стекнат чувство на сигурност.

Затоа, секогаш дозволете ѝ на вашата мачка да спие врз вас. Освен што ќе ви обезбеди дополнителна топлина, може да го ублажи вашиот бол, а нејзиното мрморење ќе ве смири. Да бидеме реални – нема ништо поубаво од тоа да галите мека, топла мачка додека читате книга или гледате телевизија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…