Home Живот и здравје Заборавете на 10.000 чекори дневно – науката откри нова граница

Заборавете на 10.000 чекори дневно – науката откри нова граница

Заборавете на 10.000 чекори дневно — науката постави нова граница

Децении наназад слушаме дека мора да направиме 10.000 чекори дневно ако сакаме да останеме здрави. Тоа го има на апликации, паметни часовници, па дури и во модерни совети за подобар живот. Но, вистината е дека оваа бројка никогаш не била заснована на научни факти – туку претставувала маркетиншки трик од Јапонија во 60-тите, создаден за да се промовира продажба на педометри.

Добрата вест? Науката конечно ја расчисти дилемата: не мора да трчате по 10.000 чекори дневно за да бидете здрави. Новите истражувања покажуваат дека далеку помалку чекори се доволни за значителен здравствен ефект.

Зошто 7.000 чекори се доволни?

Во голема нова студија, истражувачите следеле луѓе од различна возраст и со различни здравствени состојби, прецизно мератќи колку чекори прават дневно со специјализирани уреди. Целта била да се измери влијанието на чекорењето врз неколку клучни здравствени состојби – деменција, депресија, срцеви заболувања, дијабетес тип 2, ризик од паѓање, па дури и предвремена смрт.

Резултатите се импресивни:

– Луѓето кои дневно правеле околу 7.000 чекори имале 47% помал ризик од предвремена смрт во споредба со оние што правеле само 2.000 чекори.

– Ризикот од појава на деменција бил намален за 38% кај оние со 7.000 чекори, додека 10.000 чекори додавале релативно мала дополнителна корист, само околу 7%.

– Ризикот од срцеви заболувања бил намален за 25%, а шансите за депресија се намалиле за 22%.

– Дури и скокот од 2.000 на 4.000 чекори го намалувал ризикот од предвремена смрт за 36%.

Со други зборови, најголемата придобивка се постигнува веќе со 7.000 чекори дневно, а секој дополнителен чекор над тоа е само плус.

Мали промени, големи резултати

Најубавото од сè? Нема потреба од екстремни напори. Мали, секојдневни активности можат да донесат огромна разлика:

– Прошетајте додека зборувате на телефон

– Пешки отидете по кафе или до маркет

– Паркирајте малку подалеку од вообичаено

– Излезете во кратка прошетка низ маалото

Ако моментално правите околу 3.000 чекори, дури и достигнување на 5.000–6.000 може значајно да го подобри вашето здравје. Значи, не мора да бркате 10.000 чекори за да се чувствувате подобро.

„Магичниот број“ не е 10.000. Вистинската магија е во тоа да правите повеќе чекори отколку што правите сега. Со околу 7.000 чекори дневно, срцето ви станува поздраво, расположението – подобро, умот – појасен, а животот – подолг. Не заборавајте – дури и двојно зголемување на бројот на чекори кои сега ги правите, може значително да го намали ризикот од болести и да ве направи поенергични и поживотни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…