Home Шоубизнис Имам 52 години, можев да го затегнам лицето, ама ќе изгледав вештачки: Нина Бадриќ за тиранијата на младоста

Имам 52 години, можев да го затегнам лицето, ама ќе изгледав вештачки: Нина Бадриќ за тиранијата на младоста

Имам 52 години, можев да го затегнам лицето, ама ќе изгледав наказно: Нина Бадриќ за тиранијата на младоста

Пејачката Нина Бадриќ, една од најомилените уметници од просторите на поранешна Југославија, веќе три децении ја освојува публиката не само со својот препознатлив глас, туку и со автентичноста, шармот и убавината што му пркосат на времето.

Позната по својот природен изглед и елеганција, Нина отсекогаш потенцирала дека кариерата не ја изградила преку физичкиот изглед, туку исклучиво преку емоцијата и музиката.

Сепак, во свет кој сè повеќе диктира стандарди на убавина, нејзиниот искрен став околу стареењето привлече огромно внимание во јавноста.

Во едно отворено обраќање, Нина проговори за притисокот што современото општество го наметнува врз жените – по секоја цена да го задржат младиот изглед и да ги кријат годините. Таа истакна дека нема ништо против естетските корекции, но дека лично избира природно да старее, горда на секоја своја брчка и животното искуство што го носи.

Нина Бадриќ изјави:

„Мене не ми е гајле што се гледа кај жените, стареењето е природен процес, доста веќе со таа тиранија дека не треба да старееш. Јас не можам да бидам жена од дваесет години, јас сум жена на моите години. Имам педесет и две и не можам да се преправам дека сум девојче. Можам да одам кај естетски хирург, да си ги оперирам усните, да си го затегнам лицето, да сменам сè на телото, ама пак ќе зрачам како жена на мои години и ќе изгледам наказно и полошо од сега.“

„Да се старее е привилегија, денес, кога луѓето умираат млади, да стигнеш до шеесетите, седумдесетите, а не дај Боже и осумдесетите – тоа е скоро научна фантастика.“

„Да ѝ се одземе на жената правото да старее – тоа е дегутантно. Ќе се осмелам да кажам – тоа е дебилизм. Секоја брчка е доказ за животот, за тоа што си го поминала. Овој терор од вештачка убавина, каде што на жените денес им се забранува да стареат – тоа воопшто не го поддржувам.“

Ставот на Нина Бадриќ доби огромна поддршка од нејзините обожаватели, кои ѝ порачаа дека токму поради ваквите зборови останала симбол на природната убавина, достоинство и жена што ја знае својата вредност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …