Home Мода и убавина Кога не знаеш што да облечеш – кошула-фустанот секогаш е вистинскиот избор

Кога не знаеш што да облечеш – кошула-фустанот секогаш е вистинскиот избор

Кошула-фустанот е вистински моден камелеон – парче кое заслужено го зазема почесното место во секој есенски гардеробер.

Додека трендовите се менуваат со брзина на светлината, ова практично и софистицирано “се–во–едно” решение останува вечен фаворит, подготвено да спаси секое утро кога инспирацијата доцни, а едниствено што ни се врти во глава е кафето.

Есента му дава посебен шарм на оваа облека. Со еден едноставен потег – комбинација со високи чизми – лесно се трансформира во гламурозен изглед за првите студени денови, додека со мокасинки или “Мери Џејн” чевли станува совршено елегантен избор за на работа, без притоа да изгледа формално и здодевно. Ако врз неа се облече голем капут или долг тренч мантил, добивате урбан, шик стил што одлично се вклопува за викенд прошетки, понапорен ден на работа или спонтан излез со пријатели.

Најубавото кај овој модел? Не бара многу размислување, а дава впечаток дека комбинацијата била внимателно смислена со часови. Нејзината моќ лежи во едноставноста: доволно е да се додаде вистинскиот пар чевли и соодветни модни додатоци и целиот изглед добива сосема нова димензија – од опуштен и неангажиран до беспрекорно деловен и елегантен.

Во време кога сите се трудат да заштедат секоја драгоцена минута, а сакаат да изгледаат беспрекорно, кошула-фустанот е вистински моден “лајф–хак”. Тој докажува дека стилот може да биде едноставен, удобен и истовремено неверојатно ефективен.

Во галеријата издвоивме неколку наши омилени модели за есенската сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…