Home Вебкафе Животот и наследството на Џорџо Армани стануваат филм – гламурозно филмско патување низ вечната елеганција

Животот и наследството на Џорџо Армани стануваат филм – гламурозно филмско патување низ вечната елеганција

Животот и наследството на Џорџо Армани стануваат филм – гламурозно филмско патување низ вечната елеганција

Неговото име одамна претставува синоним за безвременска софистицираност, а сега приказната на Џорџо Армани – дизајнерот кој засекогаш ја промени историјата на модата – ќе биде овековечена и на филмското платно.

Неколку дена по смртта на легендарниот креатор, италијанскиот продуцент Андреа Џерволино најави спектакуларен филмски проект посветен на животот и кариерата на човекот чииот стил прерасна во глобален симбол на италијанската елеганција.

Џерволино, веќе познат по биографските филмови за Ферари и Ламборгини: Човекот зад легендата, откри дека подготовките за проектот траеле со месеци. Сега, во моментот кога модниот свет тагува за Армани, филмот добива уште подлабоко емотивно значење. Како што рече тој, неговата намера била да оддаде почит кон „едно од најголемите имиња на светската мода, вечен симбол на италијанскиот идентитет“.

Филмот нема да се фокусира исклучиво на блескавите ревии, гламурот и сјајот на Армани империјата, туку ќе ја прикаже и поинтимната, помалку позната страна на креаторот – човек кој избра да живее повлечено, подалеку од светлата на јавноста. Ќе биде прикажана и неговата емотивна врска со архитектот и бизнисмен Серџо Галеоти – партнер во љубовта и работата – со кого заедно ја создадоа визијата на брендот сѐ до неговата прерана смрт во 1985 година.

За сценариото е задолжен оскаровецот Боби Мореско, авторот на филмот Crash, кој веќе соработувал со Џерволино на повеќе проекти. Тој е и режисер на филмот Maserati: The Brothers, каде што глумат холивудски ѕвезди како Ал Паќино, Ентони Хопкинс, Енди Гарсија, Мичеле Мороне и Џесика Алба – што дополнително ги зголемува очекувањата и за биографијата на Армани.

Џерволино истакнува: „Сите го знаат неговото име, но ретко кој го познава човекот зад митот – неговите жртви, визија, страст. Армани беше сонот за Италија, препознатлив низ целиот свет. Чувствувам должност, како Италијанец, таа приказна да ја раскажам низ филм, како целосна нарација за човекот зад легендата.“

Филмот што доаѓа претставува и омаж и прозорец кон животот на еден од највлијателните модни креатори на сите времиња – моден гении кој ѝ подари на модата елеганција, а елеганцијата ја претвори во универзален јазик.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…