Home Вебкафе Сметка што работи во ваша корист

Сметка што работи во ваша корист

Сметка што работи за Вас

Датум: 12/09/2025

Прегледи: 2247

АйкБанк – вашата поддршка со која обврските траат пократко, а денот подолго

Можеби и вашиот ден личи на овој: утринско кафе во брзање додека ги носите децата на училиште или во градинка, сообраќајна гужва на пат до работа, целодневни состаноци и попладневни тренинзи, по кои ве чекаат домашните обврски. Денот лета, а вие посакувате барем некои работи да се завршуваат полесно. Токму тука на сцена стапува АйкБанк – вашата поддршка со која обврските траат пократко, а денот се издолжува.

Сè започнува со пакетите сметки како што се Aik Advance и Aik Supreme, дизајнирани да ви обезбедат сите банкарски услуги на едно место.

Во најблиската филијала на АйкБанк можете да отворите пакет сметка за само неколку минути. Со една посета во банката, штедите време кое инаку би го потрошиле по шалтерите, и сте сигурни дека целата неопходна администрација ќе биде завршена, а вашите средства и трајни налози автоматски пренасочени на новата сметка во АйкБанк.

Покрај дебитни и кредитни картички, Apple Pay и Google Pay паричници, поволни курсеви при размена на валути и други поволности, овие два пакета нудат и две нови услуги:

Плата однапред
Нон-стоп штедење

Платата однапред е услуга која ќе ја засакаат многумина затоа што обезбедува вистинска удобност. Кога на крајот на месецот ќе се појави неочекуван трошок или убава можност, можете да се потпрете на оваа услуга и до 7 дена пред реалниот датум на исплата да располагаете со вашата плата – без камата. Веќе по примањето на првата плата на вашата сметка во АйкБанк, преку mBanking апликацијата можете да се регистрирате и да ја активирате услугата секој месец кога ви е потребна брза финансиска поддршка.

За финансиската рамнотежа е важно редовното штедење. Дури и кога не сте подготвени да ја орочите вашата заштеда, постои начин вашите пари да „работат“ за вас – токму тоа го овозможува новото Нон-стоп штедење, достапно со сите сметки во АйкБанк. Ова е штедење по видување, но со камата како за орочена заштеда – ЕКС 5% за денари и 2,55% за евра – што е одлична мотивација да започнете со оваа здрава финансиска навика ако сѐ уште не сте го направиле тоа.

Посетете ја најблиската филијала на АйкБанк и одберете го Aik Advance или Aik Supreme – пакет сметка по ваша мерка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…