Окситоцин: Како да го зголемите „хормонот на љубовта“ на неочекувани начини
Сите знаеме дека прегратките, бакнежите и нежните допири се еден од најчестите начини за лачење на окситоцин, но што ако сте сами? Добрата вест е дека постојат барем седум алтернативни, научно потврдени начини да си го овозможите овој волшебен хормон и истовремено моментално да си го подобрите расположението.
Окситоцинот, познат и како „хормон на љубовта“, не е само биолошки механизам за приближување меѓу луѓето. Тој ја зацврстува емоционалната поврзаност, гради доверба, ја намалува анксиозноста, го ублажува чувството на осаменост и носи чувство на сигурност и среќа. Најубавото од сè – не зависи само од романтични врски. Може да се активира дури и кога физичка блискост со други не е можна.
Седум природни, изненадувачки начини за зголемување на окситоцинот:
1. Пејте цел глас
Не е важно дали имате совршен глас – пеењето ги разбудува деловите од мозокот задолжени за емоции и поврзување. Посебно кога ја пеете омилената песна, окситоцинот расте.
Совет: Ставете песна што ве полни со енергија и запејте без задршка.
2. Направете добро дело
И најмал гест, како насмевка или „фала“, може да активира мрежа на задоволство во мозокот и да го поттикне лачењето на окситоцин. Доброто ни носи мир и среќа.
Совет: Денес направете нешто убаво за некого – без да очекувате нешто за возврат.
3. Подарете си масажа
Допирот, па дури и кога самите си го давате, испраќа сигнал до мозокот да ослободи окситоцин.
Совет: Измасирајте се со масло од лаванда или јасмин за дополнителна релаксација.
4. Гледајте си го кучето в очи
Науката вели дека размената на поглед и галењето на миленикот создава взаемен бран на окситоцин.
Совет: Одвојте десет минути да бидете потполно присутни со вашето куче или маче – без телефон.
5. Вдишувајте природни мириси
Чулото за мирис директно е поврзано со емоционалниот центар во мозокот. Мирисите од нероли, лаванда или сандалово дрво опуштаат и го зголемуваат нивото на окситоцин.
Совет: Запалете миризлива свеќа или користете дифузер со етерични масла.
6. Водете дневник на благодарност
Запишувањето на работите за кои сте благодарни ги активира истите делови од мозокот како и лачењето на окситоцин.
Совет: Секоја вечер запишете три нешта што ве направиле среќни тој ден.
Окситоцинот не е луксуз резервиран за вљубените – тоа е биолошка потреба на секој човек. А најубавото во целата приказна? Не мора да чекате некој да ви го даде. Можете сами да го повикате преку мали, нежни ритуали на грижа за себе и за оние што ги сакате.