Home Вебкафе 10 неверојатни факти за Париз што ќе ве изненадат

10 неверојатни факти за Париз што ќе ве изненадат

10 факти за Париз што ќе ве изненадат

Париз е еден од најпрепознатливите градови во светот.

За некои тоа е најромантичниот град, за други престолнина на модата и гастрономијата. Сите се согласуваат во едно – мора барем еднаш во животот да се посети.

1. Париз постои уште од III век пред новата ера. Основан е од келтското племе Паризи под името Лутеција. Денес е петтиот по големина град во Европската Унија со околу 11 милиони жители.

2. Грбот на Париз бил одобрен во XIV век од страна на кралот Шарл V и на него е прикажан брод.

3. Името на познатата улица Шанз Елизе потекнува од грчката митологија. Таа е долга 1,92 километра и широка 71 метар.

4. Во Париз секој ден се снимаат околу 10 филмови или реклами. Снимањето на јавни места е дозволено без надомест – освен во јавните паркови, музеи и базени, за кои е потребна дозвола од општината.

5. Највисоката зграда во Париз и во цела Франција е Кулата Фрст, која се наоѓа во бизнис регионот Ла Дефанс. Таа е висока 231 метар.

6. Парискиот метро систем има 302 станици. Тоа го прави четвртиот најголем транспортен систем во светот.

7. Во Франција постојат 10 статуи на слободата, од кои пет се наоѓаат во Париз. Познатата статуа во Њујорк е подарок од Франција за американскиот народ во 1876 година, по повод стогодишнината од американската револуција.

8. Најдолгата улица во Париз е Рју де Вожирар и е долга 4,36 километра. Најкратка е Рју де Дегре во вториот арондисман, со должина од само 6 метри.

9. Најстариот кафе-бар во Париз е Ле Прокоп, отворен во 1686 година. Тој бил собиралиште на писатели и филозофи во времето на Просветителството и се смета за прв “книжевен кафе-бар” во светот. Првпат таму се служеле кафе и сладолед. Париз исто така е град со најмногу библиотеки во светот – вкупно 830.

10. Ајфеловата кула, симболот на Париз, била изградена во 1889 година како привремена структура – влезна порта за Светската изложба. Денес таа е најпосетената туристичка атракција во светот. Постојат повеќе од 30 реплики на Ајфеловата кула ширум светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…