Ноле ѝ ја исполни желбата на ќерката, Тара доби најубав подарок за 8. роденден
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во полуфиналето на US Open, откако го победи Тејлор Фриц со 3:1 во сетови. Но, натпреварот не му беше лесен бидејќи беше одвоен од својата ќерка Тара токму на денот на нејзиниот 8. роденден.
За тоа колку му е тешко што не е покрај неа, проговори на конференција за медиуми пред мечот:
„Таква е ситуацијата. Не е среќна поради тоа, но немојте сега да ме потсетувате. Ќе се обидам да победам овде и да ѝ ја посветам победата за нејзиниот роденден. Се надевам дека тоа ќе ја направи среќна. Така е оваа година,“ изјави Новак, кој ѝ ја исполни роденденската желба на својата ќерка.
На крајот од мечот, Новак ѝ го посвети победничкиот танц:
„Таа утре ќе ми даде оценка. Каков беше танцот, затоа што ми го покажа како да танцувам. ‘Soda Pop’ е името на песната. Таа е популарна глобално меѓу тинејџери и деца, но јас пред тоа не знаев за неа,” додаде Новак.
Новак не го крие своето слабеење пред малата Тара, која ја нарекува своја мезимица:
„Посензитивен сум на неа, се топам кога ќе ми каже нешто, а таа е мала манипулаторка, ме врти околу малиот прст. Стефан е поинаков. Со него е машки однос, поцврст – го подготвувам за живот, да се носи со себеси и со своето идно семејство,” објасни Ѓоковиќ.
Тара го прослави својот 8. роденден, а нејзиниот брат Стефан наскоро ќе наполни 11 години.
Интересен детаљ од нивните прослави е што на тортите никогаш нема свеќи. Јелена Ѓоковиќ претходно го објасни тоа:
„Сите ние палиме свеќи во косовските манастири и цркви, за живите и за упокоените, за здравје и мир. Свеќата е симбол на несебична жртва – таа согорува за да им даде светлина и сјај на другите. Таа е симбол на животот и просветлувањето, отстранување на стравовите и мрачните мисли од умот и срцето, и потполно предавање на Божјата светлина.”