Илда Шаулиќ и Бојан Вучковиќ важат за еден од најсреќните и најскладни парови на јавната сцена. Нивната љубовна приказна трае со години, а круна на нивниот однос е ќерката Ема, која внесе дополнителна радост во нивниот дом.
Низ годините, парот поминал заедно и низ убави и низ потешки моменти, но секогаш биле најголема поддршка еден на друг, што е и причината поради која многумина ги гледаат како пример за хармонија и стабилност.
Илда и Бојан се венчаа на 2 септември 2016 година, а овој датум има посебно место во нивните срца.
По повод годишнината од бракот, пејачката сподели емотивни фотографии на социјалните мрежи со опис: „Среќна годишнина“, а истата порака ја објави и Бојан во чест на нивниот ден.
Честитките од пријатели, роднини и колеги веднаш почнаа да пристигнуваат, со желби да се сакаат и чуваат до крајот на животот како и на првиот ден.
Нивната приказна започнала многу пред да одлучат да стапат во брак. Семејствата Шаулиќ и Вучковиќ биле блиски, па Илда и Бојан се познавале уште од детството.
– Меѓу нас немаше тинејџерски симпатии, затоа што во тоа време разликата од осум години, колку што е Бојан постар од мене, беше преголема. Тој замина за Америка кога имаше 20 години, а јас само 12. Додека тој беше тинејџер, јас бев вистинско дете – раскажа претходно пејачката.
Судбината повторно ги споила по многу години разделеност, а нивната прва средба, според зборовите на Илда, била сосема неочекувана:
– Мислам дека и за него и за мене, нашата прва средба по толку години во кои не бевме во контакт, беше целосно изненадување. Кога седнавме да пиеме кафе, се разговаравме како да сме се гледале секој ден сите тие години – откри Илда.
Иако тогаш не очекувала дека ќе влезе во врска, Илда признава дека судбината си го направила своето:
– Можеби за мене во тој момент тоа изгледаше како невозможна мисија, бидејќи ниту очекував, ниту бев подготвена за врска и толку близок контакт со човек што како го знам, а всушност не го знам. Беше многу специфична ситуација за мене, а верувам и за него, но многу брзо и двајцата сфативме дека тоа е тоа и дека не сме згрешиле. За него велам дека е мојата друга половина – рече Илда.
Денес, по девет години складна љубов, Илда Шаулиќ и Бојан Вучковиќ уживаат во заедничкиот живот со ќеркичката Ема, а нивниот брак може да биде пример за сите.