Home Шоубизнис Ана Севиќ за преминот на Сања Кужет во Пинкови ѕвезди

Ана Севиќ за преминот на Сања Кужет во Пинкови ѕвезди

Ана Севиќ за преминот на Сања Кужет во „Пинкови ѕвезди“

Популарната пејачка и водителка Ана Севиќ повторно ќе застане рамо до рамо со нејзиниот колега Милан Митровиќ, водeјќи ја новата, деветнаесетта сезона на најгледаното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Веднаш на почетокот од снимањето, Ана во впечатлива и провокативна тоалета го привлече вниманието на медиумите, а потоа искрено проговори за очекувањата од новата сезона и промените кои се случија во жирито и продукцијата.

– Подготвена сум за новата сезона, имам чувство како да и не сме правеле пауза, туку како да продолжи старата и почнавме порано од кога било. Одмор и да сакаше, со три деца, тоа не постои – рече Ана со насмевка, потенцирајќи дека со нетрпение ги очекува сите новитети кои следат.

Посебно ја израдувало тоа што во жирито ќе има нови лица:

– Супер! Многу се радувам и со голем интерес чекам да видам како ќе изгледа сè ова, бидејќи секој е уникатен на свој начин и секој ќе внесе своја енергија и свое лудило. Посебно кога е Дарa во прашање – таа е феноменална и експлозивна жена, и едвај чекам да видам како ќе се вклопи со останатите – истакна Ана, додавајќи низ смешка дека со неа Дарa не може да се расправа.

Во јавноста во последниве денови се води дебата дали Сања Кужет ќе се врати во „Ѕвездите на Гранд“ или ќе премине во конкурентското шоу „Пинкови ѕвезди“. На ова тема, Ана Севиќ даде краток, но јасен одговор:

– Сешто се зборуваше и се шпекулираше. Сигурна сум дека Сања моментално најмногу ужива со своето најмало дете и со неговиот раст, така што – ќе видиме понатаму – заклучи Ана Севиќ.

Очигледно не’ очекува динамична и возбудлива сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а Ана, како и секогаш, зрачи со позитивна енергија и подготвеност за нови предизвици.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …