Home Шоубизнис Ќеркичката на Наташа Беквалац тргна во прво одделение: совршен стил за на училиште

Ќеркичката на Наташа Беквалац тргна во прво одделение: совршен стил за на училиште

Наташа Беквалац утринава ја испрати ќерка си Катја Лазукиќ во прво одделение!

Пејачката ништо не препушти на случај – се потруди нејзината миленичка да има совршен стајлинг за првиот училишен ден: комплет во беж боја, додека на нозете носеше најпопуларни женски папучи во комбинација со бели чорапи.

Кристина Беквалац на својот Инстаграм сторим објави фотографија на која Наташа позира со ќерка си и напиша:

– Нашето дете тргна на училиште. Катја Лазукиќ – прваче, напиша гордата тетка.

Постарата ќерка на Наташа, Хана Икодиновиќ, се подготвува да се пресели во Шпанија, каде што планира да го продолжи школувањето.

Наташа зборуваше за односот со Хана и призна дека тешко ѝ паѓа тоа што наскоро ќе се отсели:

– Со Хана имаме убав, отворен, пријателски однос. Ми е драго што кога нешто не е во ред, првиот број што го врти е мојот. Мајка не може да ги реши сите проблеми, но ми значи што може сè да ми каже. Ми е тешко што заминува, не ми е сеедно, но знам дека тоа е многу важно за нејзината иднина, и токму тоа ми дава сила. Не можам да замислам ден без неа, но исто така знам колку осамостојувањето е важно за децата, рече Наташа.

Таа ги одгледа сама и Хана и Катја, а неодамна проговори и за начинот на воспитување:

– Воспитувањето деца е специфично. Со текот на времето сфатив дека децата не слушаат што им зборуваме, туку нè гледаат што правиме. И самата бев таква – не ги слушав моите родители, но ги следев нивните постапки и токму тоа го применував. Така и моите ќерки – ме гледаат мене. Затоа е важно преку моето однесување да им бидам пример. Наравно, средината влијае, но јас верувам дека како родител сепак можам да ги насочам и заштитам колку што можам. Горда сум на нив и на сè што се, изјави Наташа Беквалац.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …