BEST BUY ALERT: ПАТИКИТЕ НА СОФИЈА РИЧИ ЗА ПOMАЛКУ ОД 60 ЕВРА – И ЌЕ ИЗГЛЕДАШ КАКО ВИСТИНСКА IT-GIRL
Ако бараш парче за есен што ќе го подигне твојот уличен стил на следно ниво, а притоа нема да ти го испразни паричникот – го најде вистинскиот!
Софија Ричи, вистинска икона на стилот која го инспирира целиот Инстаграм, неодамна сподели преслатка фотографија со нејзиното бебе, но да бидеме искрени… сите гледавме во нејзините патики.
На нејзиниот минималистички црн стајлинг му додаде токму оној детаљ што прави разлика – шарени Reebok Classic AZ патики. Винтиџ вибрации + велур детали = патиките од соништата. Ова не е само обувка, туку модна изјава: „Знам што е во тренд, но ја сакам и класиката.“
А најдобро? Моментално се на попуст и чинат само 56,90 евра. Да, добро прочита – помалку од 60 евра за патики кои можеш да ги комбинираш со буквално сѐ: од oversize мантил и фармерки, до миди сукња и блејзер.
Ако реши да инвестираш во едно парче оваа есен што ќе те спаси од деновите на „немам што да облечам“ – ова е тоа. Патиките чекаат, одлуката е твоја… но побрзај, бидејќи моментот на распродажба чука на врата.