Пејачот Здравко Чолиќ е во среќен брак со сопругата Александра. Двојката има две ќерки – Уна и Лара. Кога станува збор за неговите најмили, Чола не штеди – одвои значителна сума за нов стан и луксузен одмор за ќерките.
Имено, пејачот наводно им купил на ќерките недвижност во еден од најексклузивните делови на Белград, за која исплатил дури 350.000 евра.
– Чувме дека Чола им купил на ќерките стан. Убаво се „отворил“, така и треба. Ги гледаме често и во шопинг-центарот, но и по познатите ресторани кои се блиску до станот – изјавил извор за медиумите.
Чолиќ неодамна зборуваше за своите наследнички и призна дека се малку разглезени:
– Не сум јас премногу дисциплиниран, но сум кога е потребно. Им велам секогаш… Имам две ќерки што се разглезени. Нормално… И јас би бил на нивно место. Но од нив некако очекувам повеќе… – рекол познатиот музичар.
За летниот одмор на својата ќерка Уна, Чола наводно потрошил околу 45.000 евра. Таа била со својот дечко во Хрватска, во престижен хотел со пет ѕвездички, уживајќи во сите луксузни услуги.
Според хрватските медиуми, Чолиќ неодамна купил и луксузен стан во Пула. Станот се наоѓа во рамки на ексклузивен и скап проект поставен точно на границата меѓу марината и плажата Пјешчана увала.