Home Шоубизнис Се појави во префиткан комбинезон, а сите се прашуваат – колку е висока Сека Алексиќ?

Се појави во префиткан комбинезон, а сите се прашуваат – колку е висока Сека Алексиќ?

Пејачката Сека Алексиќ уште еднаш докажа зошто важи за модна икона и трендсетерка на домашната сцена. На еден од нејзините последни настапи, таа се појави во тесен црн трико од Баленсијага, кој совршено ја нагласи нејзината фигура и предизвика вистински метеж меѓу фановите.

Комбинацијата изгледаше едноставно, но неверојатно впечатливо, а очигледно е дека Сека ја пронашла инспирацијата кај Ким Кардашијан. Слично како светската ѕвезда, и Сека се одлучи за монохроматски, тесен комбинезон, каков што Ким обожава да носи.

Овој смел стајлинг, Сека го заокружи со тесни, остро завршени чевли и футуристички очила за сонце, а целиот изглед го надополни со масивно, сјајно ланче. Иако многумина се навикнати да ја гледаат Ким, која е висока само 157 сантиметри, во слични Баленсијага креации, Сека покажа дека и таа, со своите 11 сантиметри повеќе, може да ја понесе оваа комбинација со иста доза на самодоверба и гламур.

Сека Алексиќ неодамна ги насмеа своите следбеници со нова објава – почнала да тренира, па на Инстаграм ги сподели своите впечатоци од вежбањето:

„Луѓе, почнав да тренирам. Мајко мила! Се покајав за сè што некогаш сум изела во животот. Колку е тешко… Колку не ми се тренира, ама морам да тренирам,“ напиша таа и ги воодушеви своите фанови со искреноста и хуморот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …