Состојбата се влоши: Јелена Докиќ оди на операција
Синоќа на УС Опен се случи вистинска драма кога поранешната австралиска тенисерка Јелена Докиќ се почувствува лошо по мечот кој го коментираше.
Та итно беше префрлена во болница, а по деталните прегледи беше утврдено дека подолг временски период има проблем со миом на матката, кој во последните месеци ѝ предизвикал сериозни здравствени тешкотии.
Докиќ призна дека симптомите ги чувствувала веќе подолго време, но како и многу жени, верувала дека не станува збор за нешто сериозно. Иако лекари ѝ рекле дека со фиброиди може да се живее без поголеми последици, болките, обилното крварење и влошувањата во последниот период ја принудиле да оди на операција.
Јелена се огласи на Инстаграм и го сподели своето искуство, истакнувајќи колку е важно жените да не ги игнорираат сигналите што телото им ги испраќа и редовно да одат на прегледи, следејќи го сопствениот инстинкт.
Нејзината објава ја пренесуваме во целост:
„Кога ќе завршиш на итен прием по завршувањето на дневниот извештај од Отвореното првенство на САД. Благодарна сум што ќе бидам добро.
Само сакав да ја споделам оваа приказна како потсетник и предупредување во врска со нашето здравје, особено женското и репродуктивното здравје. Имам доста голем фиброид (бенигна израсток во матката).
Од страна на лекарите беше банализиран и третиран како нешто незначајно (многу жени го имаат и живеат со него). Очигледно. Што и да значи тоа. И додека тоа можеби е точно за некои, многу други се соочуваат со тешкотии поради неговата големина, болка, влошувања и крварење. Како што ми се случи и мене. Ќе морам подоцна оваа година да одам на операција за да го отстранат.“
Во меѓувреме, станува збор за справување со болката, обилното крварење и влошувањата. Досега беше издржливо, но последниве месеци нешто не беше во ред.
Затоа сакам оваа порака да биде важен потсетник. Слушајте го сопствениот инстинкт и чувството. Ако нешто ве мачи, не го игнорирајте. Дури и ако се испостави дека не е ништо сериозно, подобро е да се биде претпазлив, отколку да биде предоцна.
Одија редовно на прегледи и реагирајте дури и при најмала болка или нешто невообичаено – веднаш јавете се на лекар. Не ја игнорирајте болката, редовните прегледи се клучни за рано откривање и можат да ви го спасат животот.“