Home Шоубизнис Вељко Ражнатовиќ принуден на ваков чекор: За жал, мора вака

Вељко Ражнатовиќ принуден на ваков чекор: За жал, мора вака

Вељко Ражнатовиќ приморан на ваков чекор: „За жал, мора вака“

На денешен ден, православните верници ја одбележуваат Голема Богородица, а се огласи и Вељко Ражнатовиќ.

Синот на Цеца, познат по својата посветеност кон верата, им го честита празникот на своите следбеници:

– За здравје и спасение нека ни е на сите – напиша Вељко.

Вељко се занимава со бокс и е мошне успешен во тоа. Сепак, поради природата на спортот, кој е и напорен и опасен, неодамна се здоби со повреда на грбот.

И тогаш, преку Инстаграм, информираше дека нема да земе учество на претстојната боксерска ревија поради повредата.

– За жал, поради повреда на долниот дел од грбот, нема да можам да учествувам на ревијата на 13.09. во Белград – напиша Ражнатовиќ, соопштувајќи им на следбениците дека ќе се повлече на некое време за да се посвети на себе и на рехабилитацијата.

– Ме очекува период на опоравување и терапија, па ќе се видиме низ конопите наскоро – додаде наследникот на Цеца, кој моментално најмногу време минува со сопругата Богдана и нивните деца.

Да потсетиме, Вељко Ражнатовиќ и Богдана пред олтар стапија на 24 ноември 2019 година. Оттогаш, се родители на три сина – Крстан, Жељко и Исаија.

– Јас никогаш нема да се разведам, тоа ми е сигурно – изјави еднаш Вељко, потврдувајќи ја љубовта кон својата сопруга Богдана.

28/08/2025

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џенел Еванс низ солзи ги отфрли обвинувањата дека глуми попреченост

Поранешната учесничка во „Teen Mom 2“, Џенел Еванс, одговори на тврдењата на социјалните м…