Што всушност значи „tретман како принцеза“ во врските – кога вниманието преминува во токсична нерамноправност
Вирален тренд на TikTok повторно го актуелизира концептот на претерана грижа во врските. Но, колку е здраво кога еден партнер го доживува другиот – најчесто жената – исклучиво како принцеза?
ШТО Е „TРЕТМАН КАКО ПРИНЦЕЗА“?
„Princess treatment“ го опишува однесувањето каде што еден партнер – обично маж – се грижи за својот партнер на речиси бајковит начин, како да е вистинска принцеза.
Ова може да вклучува: луксузни вечери, неочекувани подароци, предност за сите желби и потреби на партнерката, па дури и претерано давање во секојдневни ситуации. На социјалните мрежи, ова оди до крајности: возење и по два часа само за да се донесе омилен пијалак, или ситуации каде што жената ни не треба да нарача во ресторан – „зашто тој се’ средува“.
БАЈКА ИЛИ РЕАЛНОСТ?
Во теорија, звучи романтично. Но, во пракса се поставува прашањето: кога вниманието и грижата стануваат еднострани и прераснуваат во нерамноправен однос?
Многу психолози предупредуваат дека овој тип на однесување произлегува од традиционалните родови улоги. Мажот е „заштитник“, „доставувач“, додека жената станува центар на неговиот свет – но не како рамноправен партнер, туку како идеализирана фигура. Тоа може да предизвика:
- Зависност – врската се темели на давање и примање, наместо на рамноправност
- Еднострана емоционална инвестиција
- Контрола – вниманието се користи како начин за манипулација: „Се’ ти давам, очекувам целосна посветеност“
ЗОШТО Е ОВА ПРИВЛЕЧНО – И ОПАСНО
Трендот „tретман како принцеза“ најмногу се појавува во периоди на несигурност, кога луѓето бараат потврда и сигурност преку романтични гестови. Од утрински кафиња до изненадни излегувања – вниманието покажува заинтересираност, нежност и емоционална доследност.
Проблемот се јавува кога претераното давање станува правило. Љубовта се мери само преку спектакуларни гестови, а оној кој не возвраќа на ист начин се доживува како „помалку вреден“ партнер. Улогите остануваат фиксни: едниот постојано дава, другиот само прима.
МОЖЕ ЛИ „ТРЕТМАН КАКО ПРИНЦЕЗА“ ДА БИДЕ ЗДРАВ?
Да – но само ако постои заемност. Внимание, дарежливост и покажување љубов се многу вредни во врската. Но, кога се еднострани и претерани, тие лесно стануваат одраз на психолошка потреба:
- Тој што дава – сака да се чувствува „неопходен“
- Таа што прима – се навикнува да очекува сѐ без да дава назад
Клучот е рамнотежа: да се однесуваш со партнерот како со посебна личност е прекрасно – но само доколку важи и обратно.
На крајот, поентата не е да се биде нечива принцеза. Поентата е да се биде рамноправен партнер во врска заснована на почит, слобода и искрена емоционална размена.