Во поп-културата, особено во хетеросексуалните врски, сликата е веќе добро позната
Тој заспива веднаш после „финалето“, додека таа зјапа во таванот, будна и замислена.
Иако тој клише одамна мириса на застарен пристап кон половите улоги, прашањето е всушност интересно – зошто некои после секс се чувствуваат полни со енергија, а други се борaт да ги држат очите отворени?
Одговорот лежи во вистински хемиски и емоционален коктел – телото, чувствата, хормоните, па дури и општествените навики играат своја улога.
Хормонски коктел после сексот
За време на возбуда и оргазам, мозокот испраќа вистински огномет од хемикалии во крвта. Тука е окситоцинот – познатиот „хормон на љубовта“ кој не смирува и зближува, истовремено намалувајќи го нивото на кортизол, хормонот на стресот. Пролактинот се појавува по оргазмот, носи чувство на исполнетост и – да, токму тој е најголемиот виновник за слатката поспаност.
Тука се и серотонин, ендорфини и азотен оксид – сите заслужни за поправање на расположението и чувството на мирна еуфорија.
Интересен факт: статистички гледано, жените поретко доживуваат оргазам со класична пенетрација, па и ефектот од хормоните (и нивото на поспаност) се разликува.
Не е сè во хормоните
Сексот е и физичка активност и емоционално отворање. Ако претходно веќе си била изморена, сексот е само последниот удар пред телото да бара одмор. Ако врската е емоционално нејасна, поспаноста може да биде и одбранбен механизам – телото се обидува да се заштити од можно разочарување.
Но, кога постои доверба и чувство на сигурност, тогаш поспаноста е знак дека си токму каде што треба да бидеш – релаксирана, мирна и среќна.
Кога треба да се внимава
Во најголем број случаи – ова е сосема нормално. Но, постојат и некои поретки појави:
– Посткоитална дисфорија – чувство на тага или раздразливост по сексот.
– Посторгазмички синдром – исклучително редок феномен со исцрпеност, магла во мислите и симптоми слични на грип, кои можат да траат со денови.
Ако некои од овие состојби се повторуваат и ти создаваат непријатност, подобро е да поразговараш со доктор или терапевт.
Заклучок?
Не постои „правилен“ начин на кој би требало да се чувствуваш после секс. Ако телото ти вели „заспивај“ – послушај го. Ако чувствуваш енергија – излези надвор и уживај.
Најважно е да го слушаш и разбираш сопственото тело и да бидеш искрена со партнерот. Совршена пост-секс рутина? Малку љубов кон себе, малку љубов кон партнерот – и многу релаксација.