Home Мода и убавина 5 трикови за совладување на непослушна коса – брзо, лесно и без стрес

5 трикови за совладување на непослушна коса – брзо, лесно и без стрес

5 ТРИКОВИ КАКО ДА ЈА СКРОТИТЕ НЕСКРОТЛИВАТА КОСА – БРЗО, ЛЕСНО И БЕЗ СТРЕС

Секоја девојка барем еднаш се соочила со неконтролирана коса која не се слуша. Расчупана фризура, сува текстура и прамени кои “живеат свој живот” и не слушаат ни фен, ни четка – звучи познато, нели?

Но, нема место за паника! Со неколку едноставни трикови, вашата коса може да изгледа како да сте излегле од фризерски салон – без нервози и губење време.

1. Сè ПОЧНУВА ВО ТУШОТ: ШАМПОН И БАЛЗАМ СЕ ОСНОВА

Заборавете на шампони полни со сулфати и агресивни состојки – ако сакате мазна и сјајна коса, користете производи специјално формулирани за измазнување и хидратација. Барајте формули со состојки како арганово масло или кератин – веќе по неколку миења, ќе почувствувате дека косата ви е помека, посјајна и многу полесна за оформување.

2. ПРАВИЛО БРОЈ ЕДЕН ПО МИЕЊЕ – НИКОГАШ НЕ ЈА ТРЛАЈТЕ СО ПЕШКИР

Грубото триење со пешкир е најголемиот непријател на мазната коса. Наместо тоа, нежно притискајте ја и користете пешкир од микрофибра или – уште подобро – стара памучна маичка. Ова не само што го намалува фризот, туку и ја штити структурата на влакното.

3. ЧУДА ОД LEAVE-IN: ХИДРАТАЦИЈА КОЈА ОСТАНУВА СО ВАС

Еден од клучните чекори за сите со своеглава коса се leave-in производите. Без разлика дали е хранливо масло или лесен спреј кој не се плакне – неколку капки на влажна или сува коса, особено на краевите, прават вистинска разлика. Резултатот? Хидрирана, мазна коса што изгледа здраво и сјајно – и тоа без напумпан изглед.

4. БЕЗ ЗАШТИТНИ ПРОИЗВОДИ – НЕМА НИ ДО ТУАЛЕТ

Ако редовно користите фен, преса или фигаро, не започнувајте без термичка заштита! Добар спреј за заштита од топлина не само што ја штити косата од оштетување, туку и ја измазнува, го намалува фризот и ја прави фризурата подолготрајна. Малo шише со голема магија!

5. ФРИЗУРИ ШТО СОРАБОТУВААТ СО ВАШАТА КОСА

Постојат фризури што буквално се создадени за да ја “смирaт” бунтовната коса. Ниски пунџи, плетенки или елегантна коњска опашка можат да станат ваш несекојдневен избор. Наместо да се борите против текстурата, искористете ја во ваша корист. Со соодветен облик и неколку стилски трикови, разлетаната коса може да стане ваш личен заштитен белег.

Заклучок

Нескротливата коса не е ваш непријател – само бара малку повеќе грижа и вистински производи. Со правилните чекори и навики, секоја коса може да изгледа гламурозно, мазно и шик – и сето тоа без мака.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…