Со хидратантно и смирувачко дејство, after-sun производите се неопходни за деновите на плажа
Сончевите зраци и морската сол – колку и да ни причинуваат задоволство да се капеме и сончаме, свесни сме за штетата што може да ѝ ја направат на нашата кожа, оставајќи ја сува и дехидрирана. Особено во летните месеци, кожијата бара посебна грижа, која започнува со кремата за сончање, но секогаш треба да заврши со богата и длабинска хидратација.
Во вакви ситуации, производите после сончање се наши верни сојузници. Без разлика дали ги користиме во форма на спреј, емулзија или лосион, овие производи ѝ даваат на кожата освежување и чувство на ладење и олеснување, особено кога подолго време била изложена на сонце. Благодарение на витамините и хидрирачките состојки кои ги содржат, тие помагаат кожата да ја врати изгубената влажност и да го спречи фотостарењето – што ги прави најважен производ кој мора да го имате во вашиот плажен несесер.
Дури и ако немате изгореници од сонце, користењето after-sun крема останува задолжително по изложување на сонце. И за лицето и за телото, овие производи мора да се вклучат во вашата секојдневна рутина, бидејќи се еден од најосновните начини за регенерација на кожните клетки. Па затоа, ако сакате – како и ние – кожа мека на допир и со здрав сјај, вложете сега во after-sun производите што најмногу ви одговараат и започнете го одморот безгрижно.