Како да ја заштитиме косата од сонце?
Како што се приближуваме кон најжешките месеци во годината, потребно е да воведеме неколку корисни навики, особено кога станува збор за заштита на косата од негативните влијанија на сонцето.
UV зраците можат сериозно да ја оштетат структурата на косата, а тоа најмногу зависи од нејзиниот тип и боја. Колку и да уживаме во брановите на плажа и капењето во море, никој не сака испукани врвови, избледена боја и сува коса. Но, како да го избегнеме тоа?
Совети за заштита на косата
За да спречиме оштетување, препорачливо е косата да се заштити пред и после изложување на сонце. Нанесување специјални производи со UV заштита, како што се спрејови или масла за коса, е првиот чекор. Тие создаваат невидлива бариера и помагаат да се задржи влагата.
Кога се бањате во море или базен, косата впива сол и хлор, што може уште повеќе да ја исуши. Најдобро е косата да се исплакне со чиста вода веднаш по капење. Ако тоа не е можно, држете при рака шише вода и исплакнете ја самите. По можност, користете капи за капење од силикон или текстил кои покриваат што поголем дел од косата.
Освен тоа, носете шешири со широк обод или марами кога сте на сонце. Тие не само што ќе ја заштитат косата, туку и ќе придонесат за стилски изглед.
Нега после сончање
Откако ќе се вратите дома, измијте ја косата со благ шампон и нанесете хранлива маска која ќе ја надомести изгубената влага. Маските со арганово или кокосово масло се особено корисни во летниот период.
Редовно потстрижување на врвовите исто така помага да се спречи нивно понатамошно пукање. Косата ќе изгледа здраво и негувано, дури и по неколку денови поминати на сонце и во солена или хлорирана вода.
Откријте уште корисни совети во галеријата со фотографии!