Мирис на кроасани? Да, ве молиме! 10 гурмански парфеми што будат апетит
Полица полна со неодоливи мирисни ноти!
Доколку некогаш сте посакале да мирисате на начин што ќе натера некој буквално да посака да ве „изеде“, тогаш оваа листа со 10 гурмански парфеми е создадена токму за вас.
Зборот „гурман“ во светот на парфемите не се однесува само на љубителите на храна, туку и на мириси инспирирани од ароми што нè потсетуваат на храна. Да, ванила и цитруси се класични примери, но гурманските парфеми можат да бидат и свежи, зачинети или софистицирани и дрвенести – благодарение на состојки како коњак, матча или кардамон.
Гурманските парфеми се како десерт за вашите сетила – и не секогаш мора да бидат пренагласено слатки или тешки. Понекогаш мирисаат на луксузен појадок, понекогаш на овошен коктел, а некогаш и на класичен француски шик. Без разлика дали преферирате мирис на ф’стаци, јаболко или коњак – има совршено шишенце баш за вас.
Во галеријата ве чека вистинска дегустација на парфеми што ги буди сетилата – и апетитот.