
Фрисон, бејбе – кога песната те гушка подобро од бившиот!
Се сеќаваш на оној момент кога некоја песна ти поминува низ ‘рбетот како струја, кога се ежиш како маче што виде краставица, а очите ти се насолзуваат како да гледаш последна сцена од „Титаник“? Епа тоа не е некоја драма што ја фаќаш од ТикТок. Тоа е фрисон – фина, француска реч за тој магичен миг кога музиката те погодува во срцевото кратко и те остава да се прашуваш: „Што ми се случи сега?!“
Ама чекај малку – не им се случува тоа на сите. Не си ти некоја драма-кралица како што си мислат, туку ти си буквалноневролошки надградена верзија на човек. Фрисон го добиваат само одредени луѓе, кај кои мозокот на музиката реагира исто како кога би добиле чоколадо, комплимент и гуш одеднаш – и сето тоа пакувано во еден акорд.
ШТО Е ФРИСОН, ОСВЕН ШТО ЗВУЧИ КАКО ПАРФЕМ ОД ДОМАШНА ПАРФИМЕРИЈА?
Тоа е таа ненормална, ама величествена телесна реакција на звук. Се ежиш, срцето ти рипа, стомакот ти се превртува – сто пати пораспаметено од љубовна сцена од некоја турска серија. Научниците велат дека во тој момент во мозокот активираш исти региони кои реагираат на сите задоволства. Допаминот избувнува коа да си отворила кутија со штикли кои со месеци ги меркаш онлајн. А ти? Само си пушти песна што те скинала каде што најмногу сакаше да те боли.
А ЗАШТО НЕ СЕКОЈ ДОБИВА ФРИСОН КОГА ЌЕ ПОЧНЕ БАЛАДАТА?
Затоа што универзумот решава магијата да ни ја сервира лажичка по лажичка. Фрисон зависи од тоа како си израснала со музиката – ако мајка ти пуштала Здравко Чолиќ додека чистела, или си ронела солзи на Адел уште од основно – многу е веројатно дека денеска мозокот ти реагира емотивно ко на грамофонска плоча со љубовни писма. Играт улога и твојата поврзаност со музиката – дали ја слушаш со чувства и внимание, или само ради полнење тишина додека скролаш по Реелсовите.
МУЗИКАТА = ТЕРАПИЈА БЕЗ ЦЕНОВНИК ЗА СЕАНСА
Фрисон не е само некоја поетска финта на луѓе со црни ролки и дупли еспреса. Наукава многу сериозно размислува како да го вметне тоа во музикотерапија – при депресија, анксиозност, аутизам, трауми… Зашто ако песна може да ти ја преврти душата за три минути, замисли што може да направи кога ќе ја насочиш со цел.
Некои дури велат дека фрисон ѝ е прва братучетка на ASMR – знаеш она кога некој шепоти на микрофон или го чешка со четка, па одеднаш се чувствуваш како на релакс-масажа. Слични се по вибрација – само што фрисон носи повеќе солзи, емоции, и она волшебно чувствување: „Оваа песна сум јас.“
АКО СЕ ЕЖИШ НА ДОБРА ПЕСНА – НЕ СИ ЛУДА, ТИ СИ СУПЕРОСЕТЛИВА КРАЛИЦА НА ДОПАМИН
Ако се растопуваш од емоција кога ќе чуеш рефрен, ако срцето ти игра кога ќе дојде оној дел од песната што го чекаш цел ден, или ако ти се замаглат очите кога ќе слушнеш песна од средно – твојот мозок е во фрисон-мод. Не си лабилна, не си премногу чувствителна – ти си музичка божица со нервен систем кој си ја знае работата.
Затоа, следен пат кога некој ќе те праша: „Добро си? Зошто плачеш на песна?“ – само насмевни се и кажи:
„Тоа ти е фрисон, душо. Не би разбрала.“