Home Мода и убавина Заблескајте како Ен Хатавеј: Тајните за совршена кожа на холивудската дива

Заблескајте како Ен Хатавеј: Тајните за совршена кожа на холивудската дива

ЗАБЛЕСКАЈТЕ КАКО ЕН ХАТАВЕЈ: ТАЈНИТЕ НА СОВРШЕНАТА КОЖА НА ХОЛИВУДСКАТА ДИВА

Кога вечната модна муза и икона на гламурот, Ен Хатавеј, зачекори на годинешниот МЕТ Гала бал, сите се воодушевија – фасцинирани од нејзината порцеланска кожа, елегантната фризура со волумен и совршената комбинација на кошула и здолниште од Каролина Ерера, инспирирана од легендарниот моден уредник Андре Леон Тали.

Но она што остави најголем впечаток беше нејзината сјајна, беспрекорно негувана кожа – резултат на години дисциплина и стручна нега.

За нејзиниот беспрекорен тен заслужна е Су-Ман, славна естетичарка која со години го води грижата за лицето на Ен Хатавеј. Во ексклузивно интервју, Су-Ман ги открива златните правила за негувана кожа – рутини кои секоја жена може да ги следи, без разлика на возраста или типот на кожа.

1. МАСАЖА ЗА ВРЕМЕ НА ЧИСТЕЊЕ – РИТУАЛ ЗА МЛАДЕЖКИ ИЗГЛЕД

„Никогаш не ја прескокнувајте масажата! Само две и пол минути наутро и исто толку навечер можат целосно да ја трансформираат вашата кожа“, вели Су-Ман. Препорачува користење на гуа ша камен при чистење, а потоа нанесување тоник, серум, крема за очи и хидратантна крема – сè со нежни движења кои ја подигаат кожата.

2. ДВИЖЕЊЕТО Е ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА

„Движењето е живот,“ вели Су-Ман, поранешна балерина која секојдневно вежба цигун и таи чи, но нагласува дека секоја физичка активност што ви носи радост – од јога до обична прошетка – придонесува за физичка и ментална рамнотежа, а тоа директно се одразува и на изгледот на кожата.

3. ПИЛИНГ ПЛУС ХИДРАТАЦИЈА – ТАЈНАТА НА СЈАЈОТ

„Еднаш до двапати неделно користете нежен пилинг, потоа тоник, серум и завршете со хидратантна маска која треба да остане на лицето 15 минути,“ советува Су-Ман. По маската, нанесете крема за очи и богата дневна или ноќна крема. „Имам 60 години и сега грижата за кожата е поважна од кога било“, искрено додава.

4. НЕ ГО ЗАБОРАВАЈТЕ SPF – ЗАШТИТАТА Е КЛУЧНА

„Моите клиентки кои ја избегнуваат сончевата светлина имаат најблескава кожа,“ вели Су-Ман. Сепак, таа потенцира важноста од балансирано изложување на сонце – секогаш со задолжителна дневна заштита со крема со заштитен фактор, не само на лицето, туку и на вратот, деколтето и рацете.

5. МАСКА НАУТРО – ИНСТАНТ СВЕЖИНА

Заборавете на маските пред спиење. Су-Ман препорачува да се користат наутро, бидејќи ѝ даваат на кожата енергија, освежување и природен сјај – совршена подлога за остатокот од денот.

6. ДИСЦИПЛИНА И КОНЗИСТЕНТНОСТ – БЕЗ НИВ НЕМА ЧУДО

„Не можете да отидете во теретана еднаш месечно и да очекувате резултати – истото важи и за кожата“, истакнува Су-Ман. Секојдневната рутина, дури и ако е кратка, е вистинскиот клуч за долготрајна убавина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

СПФ секогаш при рака: 6 стикчиња за заштита од сонце во движење

SPF во џеб: 6 стикчиња за заштита од сонце додека си во движење Во време кога веќе немаме …