Home Рецепти Пилешко со крем супа од печурки

Пилешко со крем супа од печурки

Ако досега никогаш не сте пробале, вистинско е време пилешкото месо во сос да се најде и на вашата трпеза – било да дочекувате гости или да уживате во семеен ручек.

Денес ви даваме идеја како да го подготвите ова превкусно јадење за најблиските.

Потребни состојки:

– еден килограм пилешки стек од бело месо
– една крем супа од печурки (во прашок)
– 250 милилитри слатка павлака за готвење
– 100 грама кашкавал

Подготовка:

Најпрво, исечете го пилешкото бело месо на многу тенки шницли. Во подлабока чинија ставете го прашокот од крем супата со печурки. Секое парче месо извалкајте го во сувата смеса од супата и редете ги во огноотпорен сад.

Прелијте со слатката павлака и посипете го ренданиот кашкавал врз нив.

Печете во загреана рерна 30 до 40 минути на температура од 220 степени Целзиусови.

Послужете го ова преубаво јадење со чаша бело вино и подгответе се за задоволни насмевки од вашите најмили. Пријатно!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

Засладете ги вашите сетила со извонредната торта тирамису

ЗАДОВОЛЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СЕЌАВАЊА СО ИЗВОНРЕДНАТА ТИРАМИСУ ТОРТА Познатиот десерт со потекло о…